Џастин Бибер и Шон Мендес пеат за предизвиците на славата во „Monster“
Славните музичари Џастин Бибер и Шон Мендес остварија соработка за новата песна „Monster“, која е дел од претстојниот студиски албум „Wonder“ на Мендес.
Во видеоспотот, Мендес и Бибер даваат осврт на проблемите, предизвиците и тешкотиите во животот кои со себе ги носи славата.
„Што ако паднам? Што ако се сопнам? Дали сум тогаш чудовиште? Што ако згрешам? Што ако се скршам?“, пеат и двајцата во рефрен од песната.