Манчестер Сити со победата од 2:0 на гостувањето кај Челси ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.
Кевин Де Брујне (33), кој го одигра целиот натпревар како капитен. Белгискиот интернационалец летово беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија, но засега се чини дека ќе остане дел од тимот на Жузеп Гуардиола. Неговиот договор важи до наредното лето.
Против Челси, Белгиецот забележа 43 успешни додавања од 51 обид, што некои го протолкуваа како лош настап кога ги споредуваа тие бројки со други елитни играчи од средниот ред.
„Мислам дека 'успешно додавање' е најбескорисната статистика што постои. Можам да имам 96% точни додавања кои одат странично или наназад без да бидам опасен во играта. Тоа значи дека не сум направил ништо. Која е поентата?“, посочи Де Брујне.