ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Де Хеа: Ако сакаме трофеи мора да победуваме и против големите

Манчестер Јунајтед уште еднаш не успеа да извојува победа против екипа од таканаречената Голема шесторка во Премиер лигата, откако синоќа одигра без голови против Челси.

Во својот седми натпревар сезонава против некој великан тимот на „Црвените ѓаволи“ сѐ уште нема победа. Синоќа на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ мрежите мируваа и двата тима ги поделија бодовите.

Голманот на Јунатед, Шанецот Давид де Хеа, е свесен дека титула не се освојува само победувајќи ги условно кажано помалите екипи, туку треба да се покаже сила и против Големата шесторка.

„Мислам дека ремито е во ред, но доколку сакаме да направиме нешто повеќе и да освоиме некој трофеј, или поточно да ја освоиме Премиер лигата, мора да ги победуваме и овие тимови“, рече тој во интервју за MUTV.

„Немавме многу шанси, не ги создававме. Веројатно она што ни недостасуваше беше оној последен пас. Имавме добри контранапади, но завршницата, она последно додавање не беше на ниво. Барем се браневме добро“.

Неговиот тим успеа вкупно 4 пати да упати удар кон противничкиот гол, тоа не беа некои сериозни шутеви. Домаќинот, пак, 6 пати го натера Де Хеа да интервенира.

„Ниту Челси немаше многу шанси. Имаа некои две шанси, но добро се справивме. Дадовме сѐ од себе, едноставно не беше доболно, да бидам искрен“, заврши Де Хеа.

Remote video URL

Манчестер Јунајтед и натаму е на 2. место, но сега има дури 12 бодови заостанување зад водечкиот Манчестер Сити кој веќе со една рака го има зграпчено трофејот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе