Џеј Зи обвинет за силување малолетничка, се смешкаше со Бијонсе на премиера

Џеј Зи и Бијонсе се појавија на премиерата на Mufasa: The Lion King во Лос Анџелес, само еден ден откако раперот се соочи со сериозни обвиненија за силување на 13-годишно девојче во 2000 година.

На црвениот тепих Бијонсе ја задржа насмевката на лицето, додека сите погледи беа вперени во нивното пристигнување. Нивната ќерка Блу Ајви Картер во Mufasa: The Lion King го позајми гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала, додека гласот на Симба го позајми Доналд Гловер, а за Нала - Бијонсе.

Парот, заедно со ќерката Блу Ајви и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, позираа на црвениот тепих во театарот Долби во Лос Анџелес.

Џеј Зи претходно одговори на овие тврдења, нагласувајќи дека неговиот семеен живот е најважен.

„Овие лажни и одвратни тврдења најмногу ќе го погодат моето семејство. Со сопругата ќе мораме да седнеме со нашите деца и да им објасниме што се случува, бидејќи тие се во фаза од нивниот живот кога нивните пријатели може да ги испрашуваат за онаа што ќе го прочитаат во медиумите“, рече раперот.

Тој исто така додаде дека ниту едно дете не треба да трпи ваков притисок на млада возраст.

„Неправедно е што треба да се обидат да ја разберат необјаснивата злоба што го уништува семејството и човечкиот дух“, рече тој.

Џеј Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година и имаат три деца – 12-годишната ќерка Блу Ајви и 7-годишните близнаци Руми и Сира.

За потсетување, во тужбата на анонимниот тужител се наведува дека Диди и Џеј Зи силувале 13-годишно девојче во 2000 година на забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во Њујорк. Се додава дека пријател ја оставил девојката на церемонијата на доделување награди во Radio City Music Hall. Потоа таа се обидела да дојде на афтер-журката и им пришла на некои од возачите прашувајќи дали ќе ја одведат.

Еден од нив, како што се наведува во тужбата, ѝ рекол дека работи за Комбс и дека таа „се вклопува во описот на она што го бара Диди“. Ја поканил на забавата и и рекол дека ќе ја земе откако ќе ги остави Диди и Џеј Зи. Подоцна, возачот ја зел и по 20 минути стигнале до куќата, каде на влезот морала да потпише документ за кој верувала дека е договор за доверливост, но не добила копија. Во куќата наводно имало многу познати личности кои консумирале марихуана и кокаин.

Таа тврди дека ѝ понудиле пијалок по што и се „свртело и имала потреба да легне“ по што отишла во соба да се одмори. Набргу потоа, во тужбата се наведува дека Комбс и Џеј Зи влегле во собата и Комбс рекол: „Подготвена си за забава“. Потоа, тврди таа, Џеј Зи се соблекол, ја држел и ја силувал додека Комбс и една славна женска личност ја гледале. Таа тврди дека Комбс исто така ја силувал додека Џеј Зи и жената гледале.

По нападот ја грабнала облеката и си заминала. Отишла на бензинска пумпа каде го повикала татко ѝ, се наведува во тужбата.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Музика

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more

Лејди Гага го турна рекордот на Мадона со историски концерт на Копакабана

Read more

Горан Бреговиќ заврши на црна листа поради поддршката за Русија

Read more

Кристина Агилера, ти ли си?

Read more
 

Сцена

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Netflix воведува AI реклами: Доаѓаат наскоро и ќе бидат генерирани само за вас

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои серии достапни на стриминг платформите треба да ги гледате сега?

Читај повеќе

Добив втора шанса за живот: Се огласи повредениот гитарист на ДНК

Читај повеќе
  • play_arrow

Фановите се одушевени од трејлерот за новиот Superman

Читај повеќе

„Домаќинката“ Меган Маркл

Читај повеќе

Фановите на The Office незадоволни од претстојниот спиноф: Ужасна идеја

Читај повеќе