Истражувањето спроведено во јужна Калифорнија потврди дека заштитата од коронавирус опаѓа откако ќе поминат неколку месеци по примање на вакцината на Pfizer/BioNTech.
Новата студија утврди дека вакцината на Pfizer штити 88% во текот на првиот месец од примањето, но по 5 месеци заштитата изнесува 47 отсто.
Меѓутоа, иако делта сојот стана доминантен, ефикасноста на вакцините во спречување на хоспитализација е 90 отсто, 6 месеци по вакцинацијата. Ова се однесува на сите старосни групи.
Студијата која ја финансираше Pfizer, а е објавена во списанието Lancet, потврдува дека ефикасноста на вакцината ќе опадне и без разлика на делта сојот.
Научниците предводени од епидемиологот Сара Тартоф дошле до заклучок дека делта варијантата не е главна причина за слабеење на ефикасноста на вакцината.
Тартоф додаде дека нејзиниот тим во соработка со Pfizer ќе продолжи да ги анализира податоците на неделно ниво.