Актуелниот италијански шампион ја забележа победата број 1.500 во Серија А и тоа откако на полувреме имаше негатива од 1:0 во Фиренца против незгодната Фиорентина.
„Оваа победа е дело на еден моќен тим, бидејќи ние сме голем тим. Патевме доста во првиот дел и за среќа беше само 1:0 бидејќи Фиорентина одигра одлично полувреме. Малка паднаа по паузата, а ние бевме покомплетни како тим и ги постигнавме тие два гола со кои го свртевме резултатот“, вели босанскиот голгетер.
Рикардо Сотил во 23. минута ги доведе домашните до водство, но само седум минути по паузата Матео Дармјан изедначи, а три минути подоцна токму Един Џеко донесе водство со глава. Во 87. минута Иван Перишиќ ги постави конечните 1:3.
Победата на „Артемио Франки“ за Интер е јубилејна и тоа број 1.500 во Серија А, откако италијанското првенство го носи ова име од 1929 година. На Интер му беа потребни точно 91 година 11 месеци и 15 дена за да стигне до оваа бројка.
Моментално во Серија А се игра вонредно коло, а во пресрет на вечерашните натпревари Интер е лидер со 13 бода пред Наполи со 12 и Милан и Аталанта со по 10, но Наполи и Милан допрва треба да ги одиграат нивните натпревари од ова 5-то коло.