Деми Ловато: Ја изгубив невиноста со силување

Пејачката Деми Ловато зборуваше за злоупотребата што ја доживеала како тинејџерка во новата документарна серија за нејзиниот живот.

„Ја изгубив невиноста со силување“, рече 28-годишната ѕвезда во YouTube серијалот.

„Се боревме и јас реков дека не сакам да продолжиме понатаму, бев девица и не сакав тоа да се смени на тој начин. Тоа не беше важно, таа личност сепак го направи тоа. Го потиснав тоа во себе и се убедив дека тоа е моја вина затоа што отидов во собата со него, затоа што се плеткав со него“, вели Деми, која се прослави уште на 15 години со улога во проект на Disney.

Булимијата се влоши

Таа и некои други Disney ѕвезди, како Селена Гомез, Мајли Сајрус и браќата Џонас тогаш носеа таканаречени „прстени на невиност“, кои симболизираа дека нема да имаат секс пред брак. Тоа и католичкото воспитување во кое пораснала, вели Деми, влијаеле врз неа да помисли дека мора да молчи за силувањето.

„Бев дел од групата Disney која јавно рече дека ќе чекаат до брак“, рече таа.

„Првиот пат не беше романтичен, беше сра*е. И тогаш сè уште морав да ја гледам таа личност цело време, па престанав да јадам и се снаоѓав на други начини: се сечев, повраќав, што било... Булимијата толку ми се влоши што почнав да повраќам крв“, раскажува таа.

Ловато исто така вели дека во тоа време не кажала јавно, делумно поради тоа како јавноста се однесуваше кон Ријана откако Крис Браун ја нападна во 2009 година. Силувачот на Деми никогаш не одговарал за делото, иако вели дека се обидела да им каже на некои луѓе што ѝ се случило.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Бев злоупотребена кога се предозирав

Таа повторно доживеала сексуална траума летото 2018 година, утрото кога се предозира, за што беше хоспитализирана и по што претрпе неколку мозочни удари, како и срцев удар. Дотогаш, таа беше трезна шест години, и „попуштила“ неколку месеци порано, на забава каде, како што призна, комбинираше метамфетамин, кокаин, „моли“, окситоцин, марихуана и алкохол.

„Изненаден сум што не предозирав таа ноќ“, вели Деми.

Таа ноќ кога всушност се предозирала, на 23.07.2018 година, Ловато била со пријателите во неколку барови, а забавата потоа продолжила во нејзиниот дом. Кога сите си заминале, Ловато викнала дилерот кој ѝ донел оксикодон, за кој денес верува дека бил измешан со фентанил.

„Не само што доживеав предозирање, туку бев и злоупотребена. Доживеав многу сексуални трауми кога бев тинејџерка. Кога ме најдоа, бев гола, сум посинила. Тој буквално ме злоупотреби и ме остави да умрам“, тврди Деми.

„Кога ме најдоа во болница, ме прашаа дали сум имала секс со согласност. Имав некакво сеќавање, како проблесок, поради кое реков дека сум се согласила. Дури по неколку месеци сфатив дека не сум била во состојба да се согласам на секс“, вели таа.

„Буквално бев отфрлена и напуштена“, додаде Деми.

По предозирањето, Деми имаше проблеми со видот и низа други здравствени проблеми.

„Не можам да возам повеќе затоа што не гледам добро. Кога турам вода во чаша, честопати промашувам затоа што не гледам“, вели таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Предозирањето не беше последниот контакт со хероин

Таа исто така призна дека повторно се јавила кај истиот дилер кога се вратила од болница.

„Би сакала да кажам дека таа вечер беше мојот последен контакт со хероин, но не беше. Сакав повторно да го тестирам неговиот избор за да ме злоупотреби. Сакав сега да биде мој избор, а тој тогаш имаше и нешто што сакав, дрога. На крај се издрогирав. Ме растажи таквата моја одлука“, признава Ловато.

„Не поправи ништо, се чувствував полошо, но тоа беше мојот начин да ја вратам моќта“, вели таа.

Документарниот филм за Деми Ловато „Dancing with the Devil“ има четири епизоди и ќе може да се гледа на YouTube.

Remote video URL
реклама

Јадрото на Земјата станува сѐ погусто од едната страна, научниците не знаат зошто

Read more

Што ќе се случи ако правите 300 „чучњеви“ секој ден, цел месец?

Read more

Путин: Замислете да испратиме војска до вашите граници

Read more

Кит проголта нуркач, па го исфрли неповреден

Read more

Музика

Џеси Џеј објави нова песна по четири години

Read more

Публиката се враќа на овогодинешните MTV Music Video Awards

Read more

Били Ајлиш ги шокираше фановите со новиот спот

Read more

Рики Мартин за неговата сексуалност: Со години бев збунет

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Нед Бити, најангажираниот актер во Холивуд

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеси Џеј објави нова песна по четири години

Читај повеќе
  • filter

Како изгледаат сега актерките од серијата „Sex and the City“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за „Nine Perfect Strangers“ – новата серија со Никол Кидман

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го првиот трејлер за новата „Gossip Girl“

Читај повеќе

Арми Хамер по обвинувањата дека е садист и канибал замина на лекување

Читај повеќе
  • play_arrow

Силвестер Сталоне не се откажува од тренинзи ни на 74 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за новата серија „Sex/Life“

Читај повеќе