Ден на знамето во Полска
Со маски и визири, Денот на знамето беше одбележан кај замокот Крулевски во Варшава, главниот град на Полска.
Присуствуваше и претседателот на државата, Анджеј Дуда, а нормално, се интонираше и државната химна „Домбровска мазурка“, позната и како „Полска уште не згаснала“.