Ден за фудбалски гурмани: Милан или Интер, Сити или Ливерпул?

Дојде денот кој сите љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваа. Денеска ќе го дознаеме расплетот за титулите во Англија и Италија.

Три од петте најдобри пет лиги се решени одамна, додека имаме голема драма во Италија и Англија. Играта на судбината сакаше во интервал од еден час да дознаеме кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата и во Серија А.

Англичаните први ќе го доделат пехарот. Од 17 часот се игра последното коло во Премиер лигата, а сите погледи ќе бидат насочени кон стадионот „Етихад“ каде Манчестер Сити денеска ќе се бори за нова титула.

Граѓаните ја пречекуваат Астон Вила со бод предност во однос на Ливерпул. Избраниците на Пеп Гвардиола имаат сè во свои раце и со победа би ја одбраниле титулата шампион на Англија.

Астон Вила им стои на патот. Незгодна и скапа екипа која разочара оваа сезона, но на крилата на поранешните ѕвезди на Ливерпул, Стивен Џерард и Филипе Кутињо сака да им помогне на „црвените“ да ја освојат титулата.

Ливерпул на домашен терен го пречекува Вулверхемптон и ќе чека „киксот“ на Сити и со триумф над „волците“ ќе ја освои титулата во Премиер лигата.

Англичаните ќе понудат многу возбудувања и во другите делови од табелата. Големите ривали на северен Лондон, Тотенхем и Арсенал, се борат за Лигата на шампионите. На Спарс им е потребен бод со најслабиот тим на Норвич за да го обезбедат четвртото место, додека Арсенал ќе се надева на Норвич и ќе чека на место во елитниот ранг на европскиот фудбал со евентуална победа против Евертон.

Ќе дознаеме и кој ја напушта елитата бидејќи во коло влегуваат Барнли и Лидс, а места во Премиер лигата има само за еден тим. Барнли го пречекува Њукасл и има значително подобра гол-разлика од Лидс на гостувањето кај Брентфорд па е во водство.

Натпреварите се играат од 17 часот.

Табела во Премиер лига:

Од 18 часот ќе го добиеме расплетот во Серија А каде за титулата се борат миланските гиганти Милан и Интер. Милан сакаат да стигнат до 19. титула на Италија. Младиот и неискусен тим на Росонерите одигра сезона над сите очекувања и денеска има можност да ја освои титулата што ја чека 11 години на гостувањето кај Сасуоло.

На Милан му е доволен бод против Сасуоло, а се очекува и инвазија на гостински навивачи на стадионот Мапеи. Италијанците најавуваат речиси 20.000 навивачи на Милан на стадионот кој прима околу 22.000 гледачи, што значи дека Милан ќе одигра речиси домашен натпревар.

„Росонерите“ поднеле неверојатни 100.000 пријави за билети за стадион кој има петпати помал капацитет, а тоа доволно говори за еуфоријата што владее кај седумкратниот европски шампион.

Од друга страна, Интер во истиот термин од 18 часот ја пречекува Сампдорија и се надева дека Сасуоло ќе им ја „заврши работата“ и ќе го совлада Милан, а потоа победа над Сампдорија би значело и одбрана на титулата.

Салернитан го пречекува Удинезе и победа сигурно би значела опстанок пред Каљари.

Дуелите за титулата во Серија А се играат во 18, додека борбата за опстанок е закажана за 21 часот.

Табела во Серија А:

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more
 

Спорт

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе