Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Центар.
Oд 9 до 12 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Горно Нерези.
Oд 9 до 13 часот корисниците од улицата „Крсто Баиќ“ и улицата „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе останат без електрична енергија.