Денеска се решава за укинување на полицискиот час

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и  дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен COVID-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба е стабилна и ја дозволува ваквата одлука.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се четири нови случаи со COVID-19, еден починат и 14 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а на активни случаи изнесува 426 од кои 183 се во Скопје.

На инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 34 се во Скопје. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против COVID-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk , досега во државава се вакцинирале 256.149 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 449.456 граѓани.

Од Министерството за здравство информираа дека вчера во земјава пристигнале 12 870 дози од вакцината „Фајзер“ од редовната пратка која ја добиваме секој понеделник, од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Во земјава денеска се очекува да пристигнат и 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Грција.

реклама

Порано беше светска шампионка, денес е ѕвезда на сајт за возрасни

Read more

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Read more
Скопјанец ја претепал мајка си бидејќи не му купила ракија

Скопјанец ја претепал мајка си бидејќи не му купила ракија

Read more
Топ 10 најдобри видео игри за 2017 година

Топ 10 најдобри видео игри за 2017 година

Read more

Македонија

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Read more

Од понеделник пријавување за вакцинирање против КОВИД во домашни услови

Read more

Нови 37 случаи на COVID-19, нема починати

Read more

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен

Read more
 

Вести

Повторно протести во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

Читај повеќе

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Читај повеќе

Топ 10 најубави плажи во светот

Читај повеќе

Во Сибир беснеат повеќе од 220 шумски пожари

Читај повеќе

Од понеделник пријавување за вакцинирање против КОВИД во домашни услови

Читај повеќе

Нови 37 случаи на COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Илјадници Австралијци на протест поради рестриктивните мерки

Читај повеќе

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен

Читај повеќе

Казнети и исклучени од сообраќај 91 пијан возач

Читај повеќе