Може да биде и ракоположен

Дензел Вашингтон стана свештеник откако беше крстен во Њујорк

Дензел Вашингтон стана свештеник откако беше крстен непосредно пред неговиот 70-ти роденден на церемонија во црква во Њујорк.

Оскаровецот беше крстен во саботата во црквата „Кели Темпл“ во Харлем, Њујорк. Настанот беше пренесуван во живо на Facebook, а Вашингтон можеше да се види во бел фустан, потопен во ритуалниот базен на црквата каде му беше врачена крштеницата.

Церемонијата дојде неколку недели откако Вашингтон за магазинот Esquire изјави дека да се биде религиозен во Холивуд не е мода. Со оглед на тоа дека доби лиценца за свештеник, оскаровецот во иднина може да биде ракоположен.

Исто така, оваа лиценца ќе му овозможи на Дензел да врши помали верски служби, како што се венчавки.

На крштевањето на Вашингтон му се придружи и неговата сопруга Полет Вашингтон. Таа се бореше да ги задржи солзите додека зборуваше за тоа колку е горда што го придружува на ова патување.

Во интервју за Esquire во ноември, Вашингтон го опиша неговиот момент на религиозно будење во раните 80-ти во црква во Лос Анџелес.

„Се чувствував како да ме креваат нагоре. Имав чувство дека грбот ми е свиткан и очите ми се затворени. Не е како да лебдам во воздухот, но не можам баш да го опишам тоа. И мрмљав, и продолжив на мрмљам, затоа што бев исполнет со Светиот Дух“, раскажува Вашингтон.

Во истото интервју алудираше и на тешкотиите со кои се соочил бидејќи бил отворен за неговата религиозност во филмската индустрија: „Не можеш така да зборуваш и да добиеш Оскар. Не можеш така да зборуваш и да се забавуваш. Во овој град тоа не се кажува... Не се зборува за тоа... Не е модерно. Не е секси. Но, тоа не значи дека луѓето во Холивуд не се религиозни“.

реклама

Косовскиот Хулк повторно постави Гинисов рекорд

Read more

Каде на Јадранско Море седумдневен одмор за двајца чини помалку од 600 евра?

Read more

Ново невреме доаѓа кон Македонија вечерва

Read more

Прошетка низ Скопје по невремето

Read more

Филм & ТВ

Ал Пачино уште жали што ја одбил улогата со која се прослави Брус Вилис

Read more

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Read more

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Read more

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Read more

Сцена

  • play_arrow

Ал Пачино уште жали што ја одбил улогата со која се прослави Брус Вилис

Читај повеќе
  • play_arrow

Што им требаше да го викаат Џастин Бибер да пее на финалето?

Читај повеќе

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Читај повеќе
  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Раперот Питбул сруши Гинисов рекорд: Собра најмногу „ќелавици“ на едно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Читај повеќе

Шакира е возбудена пред настапот на полувремето на мундијалското финале

Читај повеќе