Дерик Роуз повторно мета на Лејкерс

Л.А. Лејкерс не успеаја да се договорат за услугите на бекот на Детроит Пистонс Дерик Роуз на почетокот на годината, но според извор на НБА, во моментов има отворена врата за можен договор меѓу двата тима.

Генералниот директор на тим од Источна конференција, кој сакаше да остане анонимен, ја сподели ситуацијата со можното преминување на Роуз во Лос Анџелес.

– Двете страни не сакаа да склучат зделка во јануари. Не мислам дека Лејкерси сакаа да направат сериозен потег затоа што сметаа дека ќе најдат подобра понуда преку пазарот на слободни агенти. Од друга страна, Дерик не сакаше да се раздели со Пистонс бидејќи таму беше среќен. За Лејкерс, Роуз беше споредна опција – тие би биле вклучени во потенцијален договор само доколку Клиперс, Бакс или Нагетс исто така направат чекор кон него. Имаше интерес, но тој не беше сериозен. Сега сè е поинаку – обете страни се во можност да склучат зделка, рече генералниот директор за Heavy.com.

Роуз, кој наполни 32 години на 4 октомври, навистина нема што повеќе да даде на организација како Детроит, која треба да влезе во режим на обновување.

Минатата сезона, најмладиот освојувач на наградата МВП ја потврди својата добра игра и беше еден од лидерите на Пистонс со просек од 18,1 поен, 2,4 скока и 5,6 асистенции. Сепак, неговиот тим разочара и освои само 20 победи од 66 натпревари, а во средината на сезоната се раздели со двајцата свои најважни играчи – Реџи Џексон и Андре Драмонд.

Актуелниот договор на Роуз завршува на крајот на следната сезона, а бекот доби 7,6 милиони долари за кампањата, која започнува на почетокот на новата година. Доколку Ражон Рондо реши да не ја продолжи кариерата под водство на Френк Вогел, најверојатно повторно ќе ги видиме Дерик Роуз и Леброн Џејмс во ист тим. Двајцата играа заедно кратко во Кливленд во текот на сезоната 2017/18, но за време на трансфер пазарот во февруари, Роуз беше испратен во Џез.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе