Дерматолозите предупредуваат: На еден дел од телото сите забораваат да нанесат крема за сончање

Дерматолозите ја нагласуваат важноста да се нанесува крема за сончање секој ден, не само кога сте на летување.

Сезоната за капење веќе започна, и важно е повторно да потсетиме колку е важно да ја заштитите вашата кожа од сонцето.

Дерматолозите неуморно предупредуваат дека е неопходно секојдневно да се нанесува крема за сончање, а не само кога сте на летување некаде на плажа. Сонце може убаво да ве фати и низ град кога се движите преку ден.

Сепак, дури и оние кои ќе се одлучат да го следат советот и да ја нанесуваат кремата секој ден, забораваат да нанесат еден дел од телото - очните капаци.

„Некои од најлошите карциноми на кожата што сум ги видел се на очните капаци“, вели д-р Каран Лал, дерматолог од Њу Џерси.

„Операциите за рак на овој дел од телото се многу комплицирани бидејќи може да останат големи лузни кои доведуваат до хронично суво око. Сум видел луѓе кои поради рак немаат кожа на очните капаци“, нагласува тој.

Дерматологот Хедли Кинг вели дека многу луѓе избегнуваат да нанесуваат заштитни креми околу очите бидејќи кожата таму е многу чувствителна или можеби мислат дека кремот ќе им влезе во очите. Но, дефинитивно сакате да ја заштитите кожата на очните капаци.

„Важно е да се нанесува крема за сончање на сите делови од кожата кои се изложени на УВ зрачење, а тоа ги вклучува и очните капаци. Често гледаме рак на кожата токму во пределот на очите, а во некои случаи тие се потешки за лекување и поагресивни“, предупредува д-р Кинг.

Каран Лал истакнува дека кожата на очните капаци е многу тенка, а со тоа и поосетлива на оштетување од сонце, поради што е уште поважно да не се прескокнува овој дел од телото при нанесување на кремот. Бонусот, додава тој, е што редовното нанесување на заштитни креми може да го ублажи опуштањето на очните капаци, кое најчесто настанува поради стареењето.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе