Кајзершмарн е традиционален австриски десерт сличен на палачинки, но со поедноставна подготовка.
Кајзершмарн (Kaiserschmarrn) или царски омлет, како што обично го нарекуваат кај нас, е традиционален австриски десерт сличен на палачинки, но со многу поедноставна подготовка.
Најчесто се служи со пасирани јаболка, но можете да го послужите и со суво грозје, бобинки или некој мармалад.
Името Кајзершмарн доаѓа од австрискиот цар (кајзер) Франц Јосиф I, кој многи со сакал овој десерт. Било многу популарно јадење во Австроунгарија и Баварија.
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 мл млеко
- 180 гр брашно
- 50 гр путер
- 1 лажица шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
- шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Прво одвојте ги жолчките од белките, а потоа во сад изматете ги жолчките, шеќерот и млекото. Постепено додавајте го брашното и матете да нема грутчиња.
Во друг сад изматете цврсти шлаг од белки со прстофат сол. Растопете го путерот на тивок оган, а во меѓувреме со дрвена лажица нежно измешајте го шлагот од белки со смесата од жолчки.
Смесата се пече на средна температура неколку минути, па се превртува. После тоа, тестото треба да се искрши на парчиња со вилушка или дрвена лажица и да се пече уште неколку минути додека не порумени. На крај посипете со шеќер во прав и послужете со одбраниот прилог.