Подгответе ги овие вкусни колачиња по рецептот на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
200 гр путер/маргарин
1 јајце
100 гр шеќер
400-500 гр брашно
Џем
Начин на подготовка:
Изматете го маргаринот/путерот(на собна температура) со јајцето и шеќерот и по желба додадете ванила. Постепено додавајте од брашното и замесете средно меко тесто. Може да го работите веднаш или да го оставите во фрижидер минимум 20-30 минути, а може да стои и преку вечер. Исукајте тенка кора и вадете колачиња со форми по избор. Половина од тестото направете го со целите форми, а на половина направете им дупче во средина. Редете ги на плех и печете ги на 200-220 степени околу 8-10 минути целите форми, а 6-8 минути останатите. Вака испечените колачи лепете ги со џем или мармалад по избор, а може и со крем. Од дозава излегуваат околу 40 колачиња.