Десетици приведени во нови демонстрации во Минск против Лукашенко

Масовни протести се одржуваат во речиси сите региони на Белорусија, а на демонстрациите во Минск беа уапсени десетици лица, изјави денеска портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Таа нагласи дека бројот на протести што се во тек не е голем и дека апсењето на демонстрантите се случило денеска само во Минск, додека во другите делови на државата досега немало такви случаи.

Масовните протести во Белорусија избија по спорните претседателски избори, што се одржаа на 9 август.

Белоруската група за човекови права Вијасна соопшти за апсење на 37 луѓе во главниот град Минск, чиј центар го чуваат голем број припадници на полицијата, а оклопни возила се распоредени околу стратешки места. Покрај масовните безбедносни сили, на улиците се и водени топови и оклопни возила, а барикадите и бодликавите жици ги затворија влезовите во метрото.

Алјаксандр Лукашенко (66) е на власт 26 години и одбива дијалог со опозицијата и покрај речиси секојдневните протести против него и се шета во јавноста со Калашников, нарекувајќи ги демонстрантите „стаорци“ и обвинувајќи го Западот за заговор за соборување од власт.

Околу 4.000 луѓе беа на улиците во Минск вчера, а 91 лице се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи

реклама

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Read more

Се појави нов опасен тренд

Read more

Дали можете да пиете андол и аспирин откако сте примиле вакцина AstraZeneca?

Read more

Милијарда долари за да може Ever Given да излезе од Суецкиот Канал

Read more

Свет

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Read more

Никогаш немало толку многу кокаин во Европа како сега

Read more

Првпат во историјата жена е главен уредник на Reuters

Read more

Тедрос: COVID-19 за неколку месеци може да се стави под контрола

Read more
 

Вести

Судот одреди 30-дневен притвор за Сашо Мијалков

Читај повеќе

Хераклеја Линкестис си го добива назад Римскиот пат

Читај повеќе

Обвинителството бара притвор за Мијалков: Тој е моќен човек

Читај повеќе

Поголем број на хоспитализации во текот на вчерашниот ден, ситуацијата е сериозна

Читај повеќе

Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“

Читај повеќе

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Читај повеќе

Агент за недвижнини оштетил потенцијални купувачи за 32 илјади евра

Читај повеќе

Се појави нов опасен тренд

Читај повеќе

Никогаш немало толку многу кокаин во Европа како сега

Читај повеќе