УЕФА ЕУРО 2020

Дешам: Никој не му е лут на Мбапе

Деновиве наголемо се проширија шпекулации дека француските репрезентативци му се налутиле на Килјан Мбапе за промашениот пенал кој ја чинеше Франција елиминација од Европското првенство.

Францускиот селектор Дидје Дешам ги демантираше ваквите измислици, категорично тврдејќи дека никој, апсолутно никој, не му замера на младиот Мбапе за промашениот пенал. И нормално, бидејќи во пенал-рулет секој може да промаши.

„Целата група е обединета во соблекувалната. Никој не прави муабет од типот 'ти го згреши ова' или 'ти го згреши она'. Килјан си ја знае одговорноста“, почна Дешам говорејќи пред група новинари во Букурешт.

Мбапе го изведе пеналот од петтата серија на осминафиналниот дуел завчера со Швајцарија, но неговиот удар беше одбранет од голманот Јан Зомер. Така, Швајцарците славеа со 5:4 на пенали, откако по 120 минути игра беше 3:3.

„Иако не постигна гол, Килјан беше одлучувачки фактор во многи наши акции, а потоа ја презеде одговорноста да го изведе последниот пенал. Навистина, никој не му е лут“.

Remote video URL

Мбапе асистираше при првиот на Франција кога Карим Бензема израмни на 1:1 во 57. минута.

„Разговарав со играчите, свесни сме за силината на оваа екипа, на овој тим, имавме многу одлични моменти на овој натпревар. Навистина нѐ боли, чувствуваме огромна тага бидејќи имаме многу работи кои ги направивме навистина одлично, но не сите, па оттаму, ако мислиме многу за натпреварот нема да си помогнеме“, заклучи селекторот.

Освен Франција, со елиминација се соочија и великани како Португалија, Германија и Холандија.

„Ова ЕУРО се покажа навистина тешко. Тоа не е изговор. Еве, последниот европски шампион и последниот светски шампион си одат дома, боли, но мора да се помириме“, заврши тој.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе