Филм & ТВ

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен, актерката одговори дамски

10. ноември 2019 - 17:07 | А.С.

Холивудскиот актер неодамна за првпат се појави во јавност со девојката Александра Грант, на големо изненадување на фановите и на медиумите.

Самиот факт дека актерот покажа која му е девојка, откако 35 години беше мистериозно сам, е доволен за возбуда, а дополнителна доза интерес внесе фактот дека Александра многу наликува на познатата актерка, дамата Хелен Мирен.

Откако минатата недела Кијану (55) се прошета со Александра (46) на црвениот тепих за свеченоста LACMA Art + Film Gala Presented By Gucci во Лос Анџелес, многумина ја коментираа седата коса на уметницата и неизбежни беа споредбите со Мирен, со која имаат и заеднички црти.

„Кренете рака ако за момент помисливте дека Кијану Ривс е во врска со Хелен Мирен“, напиша еден твитерџија, а неговото мислење го потврдија многу корисници на социјалната мрежа.

Сево ова очигледно дојде и до актерката, која на свој, отмен начин ги искоментира споредбите со Александра која е 30 години помлада од неа.

„Видов, да. Баш ми ласкаше, бидејќи таа очигледно е многу симпатична“, дамски одговори Мирен.

„Многу добро го познавам Кијану Ривс, тој е прекрасна личност и неговата девојка има среќа, а сигурна сум дека тој се усреќил“, додаде британската актерка.

Кијану и Александра се познаваат од 2011 година, кога соработуваа на двете книги поезија на актерот за кои таа ги направи илустрациите – „Ode to Happiness“ и „Shadows“.

Двајцата исто така работеа на проектот X Artists’ Books во 2017 година.

Заедничкото појавување на црвениот тепих ги потврди гласините дека Кијану официјално има девојка, откако минатиот месец беа видени како влегуваат во суши бар во Западен Холивуд фатени под рака.

Актерот претходно бил поврзуван со Аманда де Каденет, Сандра Булок, Клер Форлани и Софија Копола, но никогаш јавно не се произнесе по прашањето дали е во врска.

Коментирај