БУНДЕСЛИГА 2019/20

ДФБ ќе ги истражува пораките со поддршка за протестите во САД

Комитетот за контрола при Германската фудбалска асоцијација ќе отвори истрага поради тоа што некои играчи за време на натпреварите изразија поддршка за протестите во САД.

ДФБ ќе ги испитува потезите на Џејдон Санчо, Ашраф Хакими, Маркус Тјуран и Вестон МекКени кои изминатиов викенд изразија поддршка за масовните протести поради убиството на Џорџ Флојд.

Откако го постигна првиот од своите три гола на вчерашниот натпревар против Падерборн, Санчо од Борусија Дортмунд под дресот откри маица со испишано „Justice for George Floyd“ (Правда за Џорџ Флојд) поради што и доби жолт картон од главниот судија.

Истото потоа го повтори и на неговиот соиграч Ашраф Хакими кога зголеми на 1:4, па и тој пожолте.

Неколку часа претходно слично се случи и на натпреварот на имењакот од Менхендладбах против Унион. Таму Французинот Маркус Тјуран штом постогна гол клекна на колена поклонувајќи се, а на раката носеше лента со истиот натпис.

Порака истакна и Американецот Вестон МекКени, иако тој не постигна гол за својот Шалке 04.

„Управата за контрола на ДФБ ќе отвори истрага за оние настани во наредните денови“, изјави претседателот на комисијата, Антон Нахрајнер.

Според правилата на ДФБ, забрането е истакнување на вакви пораки.

Санчо со пораката дури и се пофали на својот Twitter профил пишувајќи: „Прв професионален хет-трик. Слаткогорчлив момент за мене лично бидејќи постојат поважни работи на светот денес кои мора да ги истакнеме и да ги промениме. Мора да бидеме обединети како еден и да се бориме за правда. Заедно сме посилни! #JusticeForGeorgeFloyd“.

URL

Стратегот на тимот од Менхенгладбах, Марко Розе, го поздрави потегот на неговиот играч: „Маркус направи потег. Тој даде пример против расизмот кој сите ние го поддржуваме“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе