Пауло Дибала до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Рома. Аргентинецот решил да ја прифати понудата од Саудиска Арабија. Од Ал Кадисија му понудиле тригодишен договор тежок 75 милиони евра.
Трансферот на Дибала во Саудиска Арабија ќе биде реализиран кога клубот ќе постигне договор со Рома. „Волчицата“ ќе добие само трошки од заминувањето на Дибала. Според исталијанските медиуми, од Ал Кадисија понудиле само 3 милиони евра како обесштетување, иако првично се најавуваше дека ќе платат 12.
Тренер на Ал Кадисија е Шпанецот Мичел, сопственик е најбогатата компанија во светот, нафтениот гигант Aramco.
Ал Кадисија лани беше прва во втората саудиска лига и во новата сезона ќе игра во елитата.