Италијанските медиуми пишуваат дека Аргентинецот Пауло Дибала ќе го тужи Јувентус за 50 милиони евра, колку што е разликата помеѓу договорот што го договорил со Старата дама и неговиот актуелен договор во Рома.

Како што е наведено, Јувентус сè уште му должи на својот поранешен играч близу три милиони евра од втората плата, што го истражуваат Фудбалската федерација на Италија и Обвинителството од Торино, а се додава дека Аргентинецот сака парите да му бидат исплатени до април или тој ќе ги тужи.
Исто така, се додава дека тоа не е сè и дека адвокатот на Дибала ќе го тужи Јувентус бидејќи не му го продолжиле договорот кој истекуваше во 2022 година, бидејќи претходно клубот и играчот се договориле за сите суштински елементи.
Станува збор за петгодишен договор вреден 9,2 милиони евра нето годишно.
Дибала му дозволи на својот адвокат да ја занемари „професионалната тајна“ и да ги открие деталите од неговиот договор на обвинителите во Торино.
Се додава и дека Дибала потпишал договор со Јувентус, за кој клубот требало да му даде три милиони евра, без разлика дали останал во клубот или го напуштил Торино.