21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[Дигитален Моден викенд Скопје] Од блогерка, дизајнерка до стилистка – Дани Ѓуровска ги состави стајлинзите за Guess

Александра Спасеска
/ 24.05.2020 / 15:13

Во рамките на 21. Моден викенд Скопје што сезонава се одржува во дигитална верзија, беа прикажани новите колекции на домашните дизајнери преку вибрантни и модерни лукбук фотографии и модни филмови, под мотото „Ветрот носи убаво време“.

Remote video URL

Детално ги анализиравме колекциите на Евгенија Зафировска, Блерта Османи, KTN, Terziya и Стефанија Насеска, а нѐ заинтригира и колекцијата на пролет/лето 2020 на Guess, прикажана преку стајлинзи што ги подготви Даниела Ѓуровска.

Поранешна блогерка, а сега дипломиран дизајнер на отсекот ДИО на ТМФ, Ѓуровска ја имаше можноста да биде дел од приказната МВСК и на писта, и во бекстејџ и во први редови. Нејзината естетика суптилно провејува низ стајлинзите што ги подготви за новата колекција на Guess, а соработката во рамките на Моден викенд Скопје покажува дека МВСК како платформа продолжува да ги поддржува модните креативци во различни области и дејности.

Инспирацијата за колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки изглед. Водена од оваа вибрантност, Ѓуровска состави неколку носливи, лежерно-шик изгледи преку кои есенцијално ја претстави колекцијата достапна во Skopje City Mall.

„Сеќавајќи се на едни поинакви изданија на Mодниот викенд Скопје  би рекла дека секоја промена на крајот на денот е освежување и вложениот труд треба да се цени. Кога би се навратила на блогерските денови, учествата како моден дизајнер па сѐ до денес како стилист на Fashion group за модниот едиторијал на Guess, се радувам на можноста на овој или оној начин веќе неколку сезони да бидам дел од МВСК“, изјави Дани за Kajgana.com.

Дани Ѓуровска (Фото: Ерина Богоева)

„Модната индустрија нуди бесконечно многу можности. Во последно време стилизирањето е она што  ја буди мојата имагинација и се трудам да покрај тоа што стајлингот би го отсликал брендот, ја преточам и својата естетика низ комбинациите кои на некој начин го интерпретираат мојот личен стил. За самото виртуелно прикажување на ревиите сметам дека се потврди моќта на социјалните медиуми, иако во овој случај бевме приморани за тоа. Креативноста, добрата организација и соработка секогаш ќе вроди со успех.“

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарова

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Света Богова Јовановска

Стилист: Даниела Ѓуровска

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Филип Додевски, Aндријана Илиоска, Александра Бошнакоска @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе