Дигиталните регистарски таблички стануваат реалност

Најмногу ме нервира кога заборавам да ја пополнам мојата... регистарска табличка!?

Полека се навикнуваме на тоа дека секојдневните предмети добиваат свои електрични верзии. Од четки за заби, до електронски цигари i електрични шолји за кафе, ни се чини дека просечниот потрошувач поголемиот дел од денот го поминува на полнење на своите уреди.

Најновата иновација се дигиталните регистарски таблички за автомобилi, кои ги произведува компанијата Reviver, а се нарекуваат RPlate.

Постојат два моделa на дигитални таблички - таблички на батерии и таблички поврзани со жица, која вклучува GPS.

Што е дигитална регистарска табличка? RPlate во суштина е регистарска табличка со HD екран и 4G конекција (како и GPS за жичниот модел) што вклучува голем број безбедносни и персонализирани функции. Возачите може да се префрлаат помеѓу темни и светли режими и да изберат персонализирани пораки што ќе се појавуваат на дното.

Табличките со GPS вклучуваат и телематски транспондери, така што можат да лоцираат изгубено или украдено возило и да испраќаат предупредувања до паметен телефон доколку откријат сомнително движење. Постои и придружна мобилна апликација која им овозможува на возачите да ја следат километражата и онлајн да ја обноват регистрацијата на возилото.

Reviver дигиталните таблички, исто така, вклучуваат неколку безбедносни карактеристики што за некои може да бидат претерани. На пример, постои режим на гео-оградување за членовите на семејството или вработените кои возат автомобил. Табличката во овој режим испраќа предупредувања доколку возачот ги напушти претходно внесените ограничувања за патување.

Дигиталните регистарски таблички не се евтини. За двата модела е потребна претплата (20 долари месечно за моделот на батерија и 25 долари месечно за моделот со жици) и чинат дополнителни 150 долари ако клиентот сака професионалец да ја инсталира табличката. Компанијата исто така работи на голем број нови функции, вклучително и интеграција со систем за патарини и паркирање.

Дека ова не е само идеја, покажува и фактот што овие дигитални таблички се одобрени за употреба во американските сојузни држави Калифорнија, Аризона и Мичиген.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе