ДИК ги објави конечните резултати, во вториот круг ќе се гласа во 44 општини

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за таа потоа да го извести Собранието, кое треба да распише нови избори за овие две општини.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, како дел од известувањето за конечност на резултати од гласањето за избори на членови на совет на општините на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје одржани на 17 октомври овој месец.

На локалните избори што се одржаа на 17 октомври 2021, градоначалници беа избрани во вкупно 32 општини, а конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, од ДИК најавија дека ќе ги објават во текот на денот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Даштевски посочи дека очекува да се надминат проблемите со апартите за отпечаток од прст, што ги имаше во првиот круг.

– Тоа што е до квалитетот не можеме да гарантираме. Во смисла што имаме и друга постапка, замена за тоа во избирачкиот список каде што не може да се утврди квалитетот. Меѓутоа, уште не сме се договориле за акцискиот план, како тоа ќе го правиме во понеделеник, како да го организираме тоа. Обуките почнуваат од понеделник и ќе биде неспоредливо поефикасно од првиот круг, посочи тој.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ, а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со COVID-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со COVID-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе