ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот, вчера паднал и сајтот на МВР

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија и на Time.mk, вчера во текот на денот во траење во неколку часа паднал и сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.

Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Time.mk на кој се појавуваше фотографија на група која себе си се нарекува ANONOPSMKD, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте нѐ“.

– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more

Левица го објави својот предизборен спот

Read more
 

Вести

Доживотен затвор за маж што на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе