ДИК сè уште врши прием и обработка на материјалите од ОИК

Државната изборна комисија денеска соопшти дека сè уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Во новиот собраниски состав пратеници од шест коалиции и партии

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, според проекцијата на ДИК за освоени мандати, во новиот собраниски состав ќе имаат помалку пратеници од досега, додека ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ја зголемат својата застапеност во Парламентот.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, а во претходниот имаше 49. ВМРО-ДПМНЕ сега ќе има 44 пратеници, седум помалку од претходниот пратенички состав.

Двете партии на овие избори освоија и помалку гласови во споредба со 2016 година. За СДСМ гласаа 324.084, а во 2016-та 436.981 граѓани. ВМРО-ДПМНЕ сега доби 312.745 наспроти 454.577 пред четири години.

На вчерашните избори, сепак, одзивот беше помал од изборите во 2016 година. На гласање вчера излегоа околу 923.000 граѓани или 51 отсто, а во 2016 гласаа 1.191.852 или 66,79 проценти. Овие избори се одржаа и во специфични услови на корона-криза и гласање под посебни здравствени протоколи.

ДУИ која досега имаше 10 пратеници, во новото Собрание ќе има 15, а Алијансата за Албанците која сега е во коалиција со Алтернатива од досегашните тројца го зголемува бројот на 12 пратеника. ДПА ќе има еден пратеник, наместо двајца како досега.

ДУИ на вчерашните избори доби 15.000 повеќе гласови во споредба со 2016 година или 101.432, а за Алијанса за Албанците и Алтернатива гласаа 76.425 што е за 40.000 повеќе од пред четири години.

Левица која прв пат влегува во Парламентот, и во новиот собраниски состав ќе има двајца пратеници, доби 37.057 гласови што е за 25.000 повеќе од претходните парламентарни избори.

ДПА, пак, доби 13.553 гласа, што е речиси двојно помалку од изборите во 2016 година.

БЕСА која на овие избори беше во коалиција со СДСМ, на претходните избори освои 57.868 гласови и имаше пет пратеници во Собранието. Пратеничката група на БЕСА потоа се подели, и тројца преминаа во Алтернатива која на овие избори е во коалиција со Алијанса за Албанците. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе