Глумецот познат по улогата на Шелдон Купер во „The Big Bang Theory“ откри дека тој и неговиот партнер се заразиле со коронавирусот уште во март.
Парсонс во понеделникот гостуваше во „The Tonight Show“ кај Џими Фалон каде што откри дека тој и неговиот сопруг Тој Спиуак се разболеле уште во март.
„Го фативме. Тод и јас обајцата рано го фативме. Беше тоа некаде во средината на март. Не знаевме што ни е. Мислевме дека се работи за настинка, но сѐ помалку личеше на тоа и потоа го изгубивме чувството за мирис и вкус“, вели Џим.
„Не ми беше јасно како може тотално да се загуби чувството за мирис и вкус. А кога си во карантин и кога буквално нема што да правиш освен да јадеш, Господе, тоа беше брутално. Јадев сѐ, само што ништо немаше вкус“.
На Парсонс во карантинот му било здодевно, па започнал нови хобија како сликање и курс по креативно пишување. Дури и ја офарбал косата и станал плавуша.