
Второлигашкиот натпревар помеѓу Гостивар и Воска Спорт оди во директен пренос на YouTube и тоа со одличен квалитет на сликата, но бадијала кога половина терен не се гледа.
Публиката стои на нозе, а добар дел имаат отворено и чадори, па го блокираат видното поле на камерата.

Иако гостиварчани се потрудиле да направат пренос во живо, реално преносот оди бадијала бидејќи ништо не се гледа. Тотално промашување.
Инаку, натпреварот не се игра во Гостивар туку во Голема Речица.

Преносот може да го гледате на следниов линк.
