Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, продаде акции oд фармацевтскиот гигант на денот кога беше објавено дека вакцината против коронавирус на оваа компанија е ефикасна 90 проценти.
На овој начин Бурла заработил 5,6 милиони долари, објави CNN.
Трансакцијата што ја направил директорот на Pfizer е дел од регуларниот план што Бурла го направи за да може периодично да ги продава своите акции, но не може а да не се забележи дека тајмингот се покажа како совршен.
Овојпат, тој продаде 132.508 акции по цена од 41,94 долари и заработи близу 5,6 милиони долари.
Потпретседателката на Pfizer, Сали Сузман, исто така продаде акции во понеделникот, како дел од претходно направениот план - за 43,662 акции, таа заработи околу 1,8 милиони долари.
Вредноста на акциите на Pfizer скокнаа за осум проценти во понеделникот, додека во вторникот остана непроменета.
Акциите на компанијата BioNTech, која работи на вакцината заедно со Pfizer, скокнаа уште повеќе, забележувајќи раст од 15% во понеделникот, и дополнителни 8 во вторникот.
Продолжете да читате: Од вијагра, до вакцина против корона: Кој е контроверзниот гигант Pfizer?