ЗНМ побара оставка од него

Директорот на топлана „Скопје Север“ опцул новинарка

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара директорот на топланата „Скопје Север“ Куштрим Рамадани веднаш да си поднесе оставка поради груби навреди упатени кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк.

– Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата „Скопје Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуел новинарката со зборовите „Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!“, се вели во соопштението од ЗНМ.

ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен.

–  Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес, наведуваат од ЗНМ.

Директорот Рамадани исто така, како што додаваат, според разговорот објавен на Мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително, според нив, говори за нискиот капацитет за професионална комуникација.

– ЗНМ стои на располагање на колешката Додевска за бесплатна правна помош и за застапување на суд во врска со овој случај, посочуваат од ЗНМ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе