Важно е да разговараме за претставите, порака од тркалезните маси на МТФ Војдан Чернодрински

Диво месо на Албанскиот театар, штипската Лекција и Натчовек на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот

13 јуни, Прилеп: Три претстави се на програмата на претпоследниот ден на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ денеска. Албанскиот театар од Скопје во 17 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски. Улогите ги толкуваат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Џевдет Јашари, Дритеро Аме, Ментор Курти, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Арбен Расими, Генци Мирзо и Хетем Етеми. Веднаш по изведбата ќе следуваат разговори на тркалезна маса, на која публиката може да сподели свои мислења за претставата.

Во 22 часот на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе следува претставата „Лекција“ во продукција на Motion Network и Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип. Улогите ги толкуваат Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Претставата е дел од придружната програма на фестивалот.

На полноќ на големата сцена на Центарот за култура ќе гостува Драмскиот театар „Стојан Бочваров“ од Варна, Бугарија. Претставата е според текст на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев. Олга Панго се погрижи за кореографијата, Филип Коруновски – за сценографијата, а котимограф е Раде Василев.

Во рамкитена дневната програма на фестивалот, во 11 часот ќе биде промовирана книгата „Антигона“ од Славој Жижек во превод на Марио Стојаноски. За книгата ќе зборуваат режисерот Борис Василески, преведувачот Марио Стојаноски и актерката Ава Хусеини. Веднаш потоа ќе следуваат тркалезни маси за претставите „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“, што беа изведени синоќа.

Во 15 часот во бифето „Аура“, што е пријател на фестивалот, ќе се одржи промоција на книгите „Сон на јаве/За театарот од овој крај на светот“ од Варја Ѓукиќ и „Нов наратив“ од д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, двете членки на овогодишното жири на фестивалот.

Конструктивни дискусии се случуваат за време на тркалезните маси на фестивалот, каде освен што се разговара за претставите, се зборува и за состојбите во театарот, како да се подобри, што треба да се промени.

На разговорите на тркалезнaта маса за „Ало! Ало!“ според британската ТВ-серија на Џереми Лојд и Дејвид Крофт, беа отворени прашањата за адаптацијата на текстот во наши услови.

Мотото на фестивалот е „Промени се, промени сѐ“, па во тој контекст е прашањето за адаптацијата на текстот и на ликовите во претставата, наспроти познатата британска серија „Ало!Ало!“ Претставата одлично комуницирше со публиката. Внесени се елементи, препознатливи за нас, рече модераторката Сребра Ѓорѓијевска.

За режисерот Синиша Евтимов адаптацијата во наши услови и тоа што е во претставата ние го живееме.

-Колку ситуациите и дејството на сцената да се комични и фантазмагорични, ние сето тоа го живееме. Сакавме да направиме наша, автентична приказна и мислам дека во тоа успеавме. Измените имаат и факти и фикција. Како режисер, мојот повик е на публиката да ѝ овозможам два часа да ужива и да се забавува, рече Евтимов.

Актерот Атанас Атанасовски кој го толкува ликот на Јорго кој води кафеана во центарот на Скопје, но е вовлечен во војната и ситуациите со отпорот, окупаторот и администраторот.

-Со режисерот го оформувавме ликот на Јорго да биде поразличен, да не биде дистанциран како во серијата. Идејата за неговото име е од Гркот Зорба, кој, еве режисерот, бил погребан во Скопје и посетувал конретна кафеана, рече Атанасовски.

Актерот Тони Денковски ја нагласува работата со екипата.

-Супер беше работата со екипата. Не е тешко да се работи со таков тим, туку е креативно, рече Денковски.

На актерот Валентин Костадиновски многу му помогнал колега од Бугарија за креирањето на ликот.

„Дупло дно“ беше уште една претстава од Авторот во фокус, Горан Стефановски. Режисерката Наташа Поплавска се наврати на времето кога била студентка на Горан Стефановски и на советот дека е слободна да прави реконструкција на неговото дело и да го чита текстот во контекст на денешницата.

-Ја режирав и претставата „Фигура, венерис, хисториае“ на оваа сцена на која Горан Стефановски првпат видел како мајка му умира на сцена. За Горан прашањето е кој е жив...Ако со „Дупло дно“ го отвора ова прашање, во „Венерис“ го затворам. И затоа претставата „Дупло дно“ ја завршувам со репликата: Јас сум уметник, не припаѓам никому, стојам на работ на ништо – рече Поплавска, истакнувајќи ја соработката со одличните актери.

Во претставата настапува и композиторот Ристо Вртев, кој ја нагласи лесната соработка со актерскиот тим.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Почна сезоната на храна што го намалува ризикот од катаракта и до 43%

Read more

Трик за разладување на домот и обезбедување пријатен сон

Read more

Култура

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Read more

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинешната Галичка свадба

Read more

Свечено отворање на Синедејс в четврток

Read more

Македонската филхармонија ќе го отвори Охридско лето со ѕвездата Џулијан Рахлин

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гума на авион експлодира при полетување во САД

Читај повеќе

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Читај повеќе

Мерко дозволил бесправно градење на објект кај базенот на хотелот Дрим, обвинение против 11 лица и 1 фирма

Читај повеќе

Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало: Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет

Читај повеќе

Сингапур одобри консумација на 16 видови инсекти, вклучувајќи скакулци и штурци

Читај повеќе

Сијарто: Унгарија ќе вложи напори за отворање на уште едно поглавје со С. Македонија

Читај повеќе

Фицо: Членството на Украина во НАТО е само гаранција за трета светска војна

Читај повеќе

Сончево и многу топло со температури до 42 степена

Читај повеќе
  • filter

11 јули 1995, почнал масакрот во Сребреница

Читај повеќе