Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која ќе биде објавувана во делови и ќе биде достапна бесплатно.
„The Ickabog“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Harry Potter“, пренесе BBC.
Роулинг ја напишала „The Ickabog“ пред повеќе од една деценија за нејзините деца и решила да ја објави сега, за време на пандемијата.
– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, вели таа.
Поглавјата ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули, на сајтот theickabog.com.