ДКСК ја отфрли претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 53-та јавна седница ја отфрли претставката за изборни нерегуларности за Локалните избори 2021, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, заради одлуката на Владата донесена на 111-тата седница одржана на 13 октомври со која даде согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, донесен на два дена пред објавување на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на 15 октомври до ДКСК поднеле приговор во кој се содржани наводи за прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик во кои бараат да се преземат сите законски дејствија и да поведе постапка за одговорност пред надлежните органи заради тоа што по распишувањето на изборите на 6 август годинава на 111-тата седница на Владата одржана на 13 октомври годинава донесени се 160 одлуки за давање на согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој официјално е донесен на 4 август годинава, односно два дена пред да биде донесено решението за распишување на локалните избори.

Во образложението за одлуката од ДКСК посочија дека од објаснувањето што навремено го добиле од Генералниот секретаријат на Владата се гледа дека не е извршена исплата, а во образложението од Секретаријатот за законодавство се вели дека не е надлежен да се произнесе за склучување договори и анекси на договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, но се додава дека треба да се имаат во предвид законските ограничувања околу исплатата во време на избори. Согласно тоа, бидејќи нема исплата на средства и со тоа не се прекршува Законот ја отфрлиле претставката.

-Постапуваме исклучиво дали се извршени или не се извршени исплати на договорите, тоа е нашата надлежност во овој момент, со тоа што не се извршени исплати предлагам да се отфрли претставката. Дали ќе бидат и кога ќе бидат исплатени ќе следиме во наредниот период. Но, сепак согласно укажувањата предлагам да се направи анализа на сите исплати од страна на Комисијата за евалуација на Владата и како ДКСК да продолжиме со анализа и доколку е потребно да утврдиме предмет, рече членот на ДКСК Владимир Георгиев кој го работеше предметот.

Нагласи дека од Генералниот секретаријат на Владата во прилог до ДКСК бил доставен одговор од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања со табеларен приказ на сите што биле исплатени во 2020 година по Законот за финансиска поддршка на инвестиции во кој се вели дека не се работи за вонредни исплати, туку за исплати согласно законот за кој претходно се обезбедени и испланирани средства во Буџетот.

-Во прилогот се вели дека исплатата требало да биде еднократна, се врши до крајот на годинава и се однесува за инвестиции направени во 2020 година. Во еден дел се вели дека ќе се плаќа во две транши и оти ќе почне да се исплаќа и во 2022 година. Се посочува дека и самото потпишувањето на договор и анексот на договорот не значи исплата, туку таа се реализира само ако се исполнети условите, рече Георгиев.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска порача дека сите вакви примери што влијаат врз избирачкото тело ќе бидат нотирани во последниот Извештај до Собранието.

-Не е прв случај да не се прекршува Изборниот законик, а да се врши суптилно влијание. За мене е проблематично што законот е донесен во многу скратена постапка. Истите пратеници кои го донесоа Законот за спречување корупција продолжуваат да носат закони по скратена постапка. Тајмингот на негово носење непосредно пред објавувањето на изборите претставува суптилно влијание врз потенцијалните гласачи, рече Ивановска.

Како ризичен фактор беше оценето  решението во Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за смалување на просторот на Агенцијата за странски инвестиции за евалуација на договорите за државна помош и нејзино сконцентрирање во Владата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе