ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ДКСК: Партиите ги доставија првичните извештаи за донации за изборната кампања

Политичките партии почнале да доставуваат до ДКСК извештаи за добиените донации во текот на изборната кампања согласно законот. Правовремено доставиле извештаи за првите 10 дена, а следствено на тоа и за вторите 10 дена. Главно сите политички партии ги доставиле извештаите.

– Ова се само извештаи за примени донации, така што ние немаме целосна слика за целокупното работење на партиите и на коалициите. Тие ќе ги добиеме откако ќе поминат најмногу 90 дена од објавувањето на конечните резултати. Сведоци сме дека резултатите сѐ уште не се објавени. Најоцна за 90 дена ќе ги достават финансиските извештаи за трошоците и приходите за текот на изборната кампања по што ќе можеме да видиме за што сѐ е потрошено во текот на изборите, информира на денешната прес-конференција Катица Николовска од ДКСК.

Таа потенцира дека со измените на Изборниот законик првпат е обезбеден директен пристап за ДКСК до сите учесници во изборната кампања со цел да се види од каде и колкави средства добиваат било од правни или физички лица.

– Истовремено обезбедивме пристап во базите на податоци од МТСП во делот на корисниците на социјална помош и други бенефиции што ги дава МТСП и соработката со Агенциите за вработувања во однос на тоа да провериме дали донаторите на политичките партии се евентуално социјални корисници, дали се вработени, едноставно дали имаат бекграунд износи што ги донирале во изборните камапња, рече Николовска.

Ова, нагласи, ќе биде период во кој ќе ги направиме тие вкрстени проверки.

– Оваа година обезбедено е ангажирање надворешни соработници кои имаа цел да ги следат локациите на билбордите на политичките партии каде се поставени, со цел да се види дали локациите се согласно законот и дали се одобрени од ДИК, да се види со каков рекламен материјал располагаат партиите, каде имаат штабови, како пристигнуваат на средби со граѓаните, дали користат јавни средства и возила. Тоа е битно кога ќе ги достават финансиските извештаи да провериме дали сите тие рекламни материјали се пријавени, документирани… Сите овие расходи и трошоци направени се со цел да потврдиме дали прибраните средства се од законски извори обезбедени, истакна Николовска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе