Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.962.407 лица. Од нив починале 363.899, а оздравеле 2.628.359.

-Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се пет нови позитивни случаи. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.909 лица, а починаа 175 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти само еден нов случај на COVID-19, од направени 2.363 анализи, а бројот на заразени лица се зголеми на 942 од почетокот на епидемијата

– Во Албанија од направените 276 тестирања на сомнителни случаи во последното деноноќие позитивен резултат е добиен кај 23 лица,од нив 12 во Тирана. Вкупниот број на заразени во земјата достигна 1.099. Во изминатото деноноќие излекувани се 28 лица или вкупно 851,односно 77 отсто од вкупно заболените. Од појавата на пандемијата до сега починати се 33 лица. Моментно активни на болеста се 215,половина од нив во Тирана, од кои 23 се хоспитализирани на Инфективната клиника, од нив петмина на интензивна терапија. Досега направени се вкупно 15.595 тестови, поголемиот број или 14.269 се молекуларни и 1.326 серолошки тестови.

-Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последици на коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.215 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 54. Излекувани се 6.524 пациенти.

– Смртните случаи од новиот коронавирус во Италија се зголемија за 87 денеска во однос на вчерашните 70, а бројот на нови случаи за еден ден е намален од 593 на 516. Вкупниот број на смртни случаи во земјата од ширењето на вирусот на нејзина територија на 21 февруари сега е 33.229. Според овој индикатор, Италија е на третото место во светот по САД и Велика Британија. Потврдените случаи на инфекција во Италија се 232.284, што ја рангира земјата на шесто место во светот по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија. Бројот на регистрирани како заразени се намали од 47.986 вчера на 46.175 денеска. Досега има 475 лица на интензивна нега, споредено со вчерашните 489 лица

-Триста дваесет и четири лица починале во Велика Британија од новиот коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти министерот за финансии Риши Сунак. Вкупниот број на смртни случаи во Велика Британија сега е 38.161. Земјата е на второ место по САД. Во изминатите 24 часа, во државата се регистрирани 2.095 лица заразени со коронавирусот. Така, вкупниот број потврдени случаи во Велика Британија достигна 271.222 Според тој индикатор, земјата е на петто место по САД, Бразил, Русија и Шпанија.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе