Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.334.768 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 577.848, а оздравеле 7.781.373 луѓе.

– Повторно висока двоцифрена бројка на новозаразени е забележана во Албанија во последното деноноќие,во кое зголемен е и бројот на болните на кои им е неопходно болничко лекување. Од тестраните 451 сомнителен случај, позитивен резултат е добиен кај 96 лица, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.667,од кои оздравени се 2.026, починале 97 а активни на болеста се 1.507, од кои пак 90 се хоспитализирани во Инфективната клиника,што е најголема бројка досега. Поради зголемиот број на лица со потешка здравствена состојба, веќе е подготвено болницата „Шефќет Ндроќи“ повторно да стане болница Ковид2. Оваа болница располага со 152 легла, а како што рече министерката Оргета Манастирлиу, која состојбата во болницте ја оцени како сериозна, во подготовка се уште две болници, кои располагаат со вкупно 500 легла.

– Во последните 24 часа во Германија се потврдени 412 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, така што вкупниот број на заразени во таа земја се искачи на 199.375. Четири лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 9.068.

– Во изминатите 24 часа, коронавирусот беше потврден кај уште 6.248 лица во Русија, со што се зголеми вкупниот број заразени лица во оваа земја на 739.947. Руските власти потврдија дека уште 175 лица починале од COVID-19 вчера, или 11.614 од почетокот на пандемијата. Русија моментно се наоѓа на четвртото место во светот по бројот на заразени со вирусот, зад САД, Бразил и Индија.

– Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 73 нови случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице почина. Повеќето од новозаразените, овој пат, после долг период, веќе не се во Горна Австрија, туку во Виена, каде се регистрирани 38 нови инфекции. Во Горна Австрија има 20, додека во другите провинции бројот е едноцифрен – 6 во Салцбург, по 4 во Стирија и Тирол и 1 во Форарлберг. Во Австрија моментално има 1.163 активни пациенти, од кои 83 се во болница и 9 на интензивна нега. Бројот на смртни случаи е 709.

– Бројот на заразени со вирусот во Бугарија достигна 7.411, откако во претходните 24 часа беа регистрирани 159 нови случаи. Во истиот период има 8 нови смртни случаи со што вкупниот број на смртни случаи од таа болест е 276. Најголем број на нови случаи на заразени има во главниот град. Меѓу медицинскиот персонал во текот на вчерашниот ден, вирусот е потврден кај 18 лица, а таа категорија пациенти има вкупно 529 случаи.

– Уште 187 случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа во Косово од кои во Приштина 92, по што следат Пеќ и Ѓаковица со 12 и Липљан со 11. Бројот на активни случаи е 2.640. Од почетокот на епидемијата во Косово вкупниот број на позитивни случаи е 5.118. Вкупно 108 пациенти починале од COVID-19.

– Во Босна и Херцеговина вкупно 189 лица се заразени со вирусот во последните 24 часа. Само во Федерацијата на БиХ, 139 луѓе од 1.166 тестирани примероци се тестирани позитивно, објави Федералниот институт за јавно здравје. Во моментов има 2.239 активни случаи, а досега се пријавени 84 смртни случаи. Во последните 24 часа се пријавени три смртни случаи. Во Република Српска, претходно беше објавено дека 50 лица се позитивни на вирусот.

– Во Белгија не се пријавени смртни случаи во последните 24 часа, за првпат од 10 март. Бројот на заразените во Белгија е намален со воведување мерки за затворање што сега се ублажуваат. Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје е 9.787. Земјата е дом на 11,5 милиони луѓе, што значи дека околу 850 луѓе починале на милион жители, што е најлошата рамнотежа во светот по Сан Марино. Во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 62.781 луѓе.

– Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 10 нови случаи на заразени врз основа на 1.218 тестирани примероци. Од почетокот на епидемијата, во државата се заразени 1.859 лица. Во Словенија во моментов има 260 активни случаи на коронавирус. Немаше смртни случаи во изминатиот ден, а досега има 111 смртни случаи.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а наЈмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе