Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 17.611.322 лица. Од нив починале 679.406, а оздравеле 11.015.941 лица.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 79 новозаразени со COVID-19 од кои дури 56 во Тирана, оздравени се 69, додека починале 3 лица. Со последните 500, до сега направени се 41.199 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.276 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.952, починале 157, додека активни на болеста се 2.167. Од нив во Инфективната клиника и болницата Ковид2 се третираат 115 од кои 21 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 67 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи е на 727, а едно лице почина. Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.750 лица - 125 лица се во болница, 6 пациенти се на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се регистрирани 5.139 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 145 починале.

– Во Шпанија денеска се регистрирани 1.525 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што претставува најголем број од укинувањето на рестриктивните мерки во јуни. Исто така, бројот на нови случаи надминува 1.000 за трет ден по ред

– Во Романија, бројот на пациенти се зголеми на 50.886, откако во претходните 24 часа беа потврдени 1.295 нови случаи на заразени. Во последните 24 часа, уште 39 пациенти починале од COVID-19, вкупно досега 2.343.

– Во Колумбија 9.965 лица се заразиле со вирусот за 24 часа, со што се зголеми вкупниот број случаи е 286.020. Во последните 24 часа починале 356 лица, односно вкупно 9.810.

– На сите жители на сојузната држава Викторија во Австралија, која има 6 милиони жители, од недела се бара да носат заштитни маски, одлучи Владата откако вчера беа регистрирани рекордни 723 нови случаи и 13 смртни случаи. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, предупредил дека повеќето новозаразените лица се во домови за стари лица и меѓу граѓаните кои чекаат за резултатите од тест, но одат редовно на работа.

– Во Мексико, потврдени се 7.730 нови случаи на инфекција со коронавирус и уште 639 смртни случаи во изминатите 24 часа. Од почетокот на пандемијата, COVID-19 е потврден кај 416.179 лица во Мексико и 46.000 смртни случаи.

– Во Словенија, еден човек почина во изминатите 24 часа додека вирусот е потврден во 17 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во Словенија, тестирањето за вирусот даде позитивен резултат кај 2.156 лица, додека бројот на смртни случаи во овој момент е 119.

– Во Бугарија во текот на изминатите 24 часа, вирусот е потврден кај други 265 лица, додека 6 пациенти починале. Од почетокот на пандемијата, Бугарија регистрира 11.420 случаи на заразени и 374 смртни случаи.

– Во Словачка е регистриран прв смртен случај од последиците од COVID-19 по 15 мај во последните 24 часа, додека други 27 лица биле заразени со вирусот. Од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај 2.292 лица во оваа земја, вклучувајќи 29 пациенти кои ја загубија битката со болеста.

– Во Австрија во последните 24 часа е регистриран нов рекорден број новозаразени лица по првиот бран на епидемија, 175 нови случаи. Најголем број новозаразени, 78, се регистрирани во Виена, 45 во Горна Австрија. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 21.072 лица биле тестирани позитивно за вирусот, од кои 18.628 се излекувале. Во изминатите 24 часа починаа 5 лица, така што бројот на смртни случаи достигна 718.

– Бројот на заразени во Русија се зголеми на 839.981, откако во изминатите 24 часа беа потврдени 5.482 нови случаи. Во истиот период, 161 лица починаа вкупно 13.963 од почетокот на пандемијата.

– Властите во Еквадор забранија продажба на алкохол во текот на викендот во поголемиот дел од државата. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Комисијата за итни случаи на својата веб-страница. Забраната ќе важи од 31 јули до 12 август и ќе се применува во 18 од 24 провинции. Полициски час ќе биде во шест од нив. Во моментов, вкупниот број на заразени со коронавирус во Еквадор е 84.370, а бројот на смртни случаи е 5.657. Властите проценуваат дека уште 3.500 смртни случаи би можеле да бидат поврзани поради коронавирусот.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе