Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

МИА/КАЈГАНА
/ 04.06.2020 / 19:55

Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 388.974, а оздравеле 3.198.069 луѓе.

Во последните 24 часа, едно лице починало во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број  жртви од почетокот на епидемијата е 246. Од последниот пресек на состојбата во Србија, досега се тестирани 4.024 лица на коронавирус, а вирусот е потврден кај 48 од нив. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.571 лица, а излекувани се 6.910 пациенти.

Во приватниот дом за стари лица „Масовна зелена куќа“ во Петроварадин-Нови Сад, регистрирана е коронавирусна инфекција кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека од вторникот, заклучно со денеска во 15 часот, регистриран е еден смртен случај од COVID-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

Министерството за здравство на Република Кипар попладнево соопшти дека не е регистриран ниту еден нов случај на COVID-19 од анализирани 1.996 примероци. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 958 лица.

Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со COVID-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран. Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197. Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.

Во Обединетото Кралство има 281.661 регистрирани случаи и 39.904 починати од COVID-19. Денеска беше соопштено дека во Англија од 15 јуни ќе биде задолжително да се носи маска или друг тип на покривка за лицето во јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот бидејќи сѐ повеќе луѓе се враќаат на работа.

Remote video URL

Русија денеска пријави уште 8.831 случај на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата достигна 441.108. Центарот за одговор на корона-кризата наведува дека во изминатите 24 часа уште 169 лица починале од последиците од вирусот. Досега се пријавени 5.384 смртни случаи во Русија.

Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја.Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со COVID-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238. Вкупно починале 11.729 луѓе, со што Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.

Здравствените власти во Пакистан соопштија дека во земјата има 85.264 лица заразени со COVID-19, а 1.770 се починати. Пакистан го укина карантинот на почетокот на мај, иако бројот на нови случаи и натаму расте. CNN објави дека зголемениот број на нови случаи најверојатно е поради зголемениот број на тестирања.  

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе