Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.122.614 лица. Од нив починале 735.721, а оздравеле 12.969.895.

– Во Данска е забележано ново зголемување на случаите на коронавирус во текот на минатата недела, со стапка на репродукција од 1,4 проценти, изјави министерот за здравство, Магнус Хеунике. – Вирусот повторно се движи низ нашето општество, изјави тој пред новинарите. Во Данска, случаи на COVID-19 се регистрирани минатата недела во 67 од 98 општини.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица и 4 смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Беа анализирани 395 примероци за новиот коронавирус. Во Црна Гора се регистрирани вкупно 59 смртни случаи од почетокот на јуни, а 68 од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на активни случаи на COVID-19 во Црна Гора во моментов е 1.107.

– Во Обединетото Кралство денеска се потврдени уште 816 случаи на COVID-19, што претставува намалување во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 1.062 случаи на инфекција, што е најголемото дневно зголемување на бројот на новозаразени од крајот на јуни. Досега се потврдени 311.641 случаи на Ковид-19 во Кралството. Во текот на последното деноноќие од COVID-19 починале уште 8 лица, а од почетокот на пандемијата смртниот биланс во оваа земја изнесува 46.574 лица.

– Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени во едно деноноќие, појава присутна повеќе од еден месец, кога во просек дневно се потврдуваат по повеќе од 100 нови случаи. – Во изминатите 24 часа од направените 506 тестови позитивен резултат е добиен кај 125 од нив. Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста од каде се 68 од новозаразените. Во исто време излекувани се 37 пациенти, додека битката со опасниот вирус ја загуби пациентка од Валона на 55-годишна возраст, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа, од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март, до сега, направени се 46.448 тестови, болеста е дијагностицирана кај 6.536, во списокот на излекувани се впишани 3.379, додека починале 200 лица, речиси половина од нив или 97 се жители на Тирана. Активни на болеста се 2.957, од кои поголемиот дел се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете Ковид болници, при што 19 се на интензивна терапија додека тројца се интубирани, додаде докторката Даја.

– Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК) во редовниот дневен извештај за состојбата со COVID-19, попладнево објави дека вчера во земјата се евидентирани 14 починати кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 371, јави дописникот на МИА од Приштина. Изминатите 24 часа во Косово се регистрирани и 172 новозаболени од COVID-19, како и 114 лица кои ја пребродиле болеста.

Вкупно од појавата на пандемијата, од извршените 41.152 тестирања (од кои 506 вчера), вирусот е откриен кај 10.419 лица, од кои 6.058 се излекувале. Активни носители на вирусот во земјата, според официјалните податоци на ИКШПК, се 4.020 лица. Министертвото за здравство на Косово објави дека започнала да доделува лиценци на приватните здравствени установи, така што серолошките, но ПЦР-тествоите, од денеска можат да се извршат и во нив.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе