Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.930.922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797.055 луѓе.

– Во Косово вчера се регистрирани 8 починати, 193 новозаболен и 205 излекувани од COVID-19. Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.988. Од нив починале 373, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со COVID-19 и ја совладале болеста достигна до 6.616. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.999 лица. Вчера се извршени 491, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.627 тестирања.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седумте регионални болници во земјата моментно се третираат 589 пациенти за кои постоело сомневање дека се заразени од COVID-19, а кај 448 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа забележани се рекордни 180 нови случаи на COVID-19 во Хрватска, а бројот на активни случаи во оваа земја е 811. Од нив, 115 пациенти се на болничко лекување, од кои 10 се на респиратор. Во последното деноноќие почина едно лице.

– Вкупниот број дијагностицирани случаи во Бугарија достигна 13.893 откако во последните 24 часа потврдени се нови 171 случај на коронавирус. Во моментов активни се 4.932 случаи, од кои хоспитализирани се 834 пациенти, а 63 се на Одделите за интензивна нега.

Кина денеска пријави 19 нови случаи на вирус, што е помалку од претходниот ден кога имаше 25. Од новозаразените, 11 се увезени. Од почетокот на пандемијата во Кина се дијагностицирани 84.756 лица, од кои 4.634 починаа.

– Во Словенија се потврдени 29 нови случаи, со што од почетокот на пандемијата се дијагностицирани вкупно 2.332 случаи на инфекција, а во моментов активни се 193.

– Во Иран уште 174 лица починаа од коронавирусот, а потврдени се нови 2.625 случаи. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата надмина 19 илјади, а заразени се 336.324 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 14 нови случаи на COVID-19, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.305 лица.

– Во Грција се регистрирани 204 нови случаи на COVID-19, а освен зголемениот број новозаболени, зголемен е и бројот на смртни случаи. Во изминатите 24 часа починаа 5 лица.
Од почетокот на епидемијата е регистриран вкупно 221 смртен случај и 6.381 заразени лица.

– Не се смирува нагорната линија на новозаразани од COVID-19 во Албанија. Во изминатото деноноќие дијагностицирани се 154 нови случаи, што е највисока бројка во едно деноноќие до сега. И понатаму главно жариште останува Тирана каде се 84 од новозаразените, по што следува Драч со 10. Според Министерството за здравство и социјална заштита починале 5 пациенти или 213 до сега, додека битката со опасниот вирус ја добиле 64 или 3.616 лица. Со последните 643 до сега направени се вкупно 48.319 тестови, позитивни на COVID-19 се 6.979, од кои активни на болеста се 3.142 лица. Од почетокот на овој месец во просек дневно се регистрирани по над 130 новозаразени или вкупно 1.714 лица.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе