Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 30.490.653 лица со коронавирусот COVID-19. Од нив, 952.228 пациенти починале, а 22.168.239 се излекувани.

Љубљана – Во Словенија се потврдени 137 нови случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа, со 3.557 тестови, што е за 33 повеќе од претходниот ден и е нов рекорден број на потврдени дневни инфекции од почетокот на епидемијата, соопшти денеска словенечката Влада. Бројот на активни случаи во Словенија во моментов е 1.116, од вкупно 4.195 потврдени заразени од почетокот на епидемијата. Во болниците има 67 пациенти со COVID-19, што е за 7 повеќе од претходниот ден, а 11 од нив се на интензивна нега. Регистрирани се 4 нови смртни случаи, со што вкупниот број починати од вирусот се искачи на 138.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 339 нови случаи на COVID-19, а починаа 2 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 14.738, а на починати на 327 лица.

Тирана – Во Албанија, во последното деноноќие, од направените 833 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 125. Во исто време оздравеле 43, додека починале 5 лица во болнички услови. Од вкупно заразените 12.073 во списокот на оздравени се внесени 6.831, починале 353, додека активни на болеста се 4.889 лица. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 78.050 тестови.

Подгорица – Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 208 новозаразени и 4 смртни случаи, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Вкупниот број смртни случаи поврзани со COVID-19 од почетокот на јуни е 124, а од почетокот на годината 133 пациенти.
Вкупниот број активни случаи во Црна Гора во моментов е 2.581.

Софија – Во последните 24 часа во Бугарија беа потврдени 154 нови случаи на коронавирус, додека 10 лица починаа, објавено е денеска на веб-страницата на Владата. Во истиот период, тестирани се 5.856 лица. Хоспитализирани се 744 пациенти, од кои 37 на одделение за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата, 18.544 лица биле заразени со вирусот COVID-19, а 4.404 случаи се моментално активни.

Приштина – Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани 4 починати, 57 новозаболени и 137 излекувани од COVID-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на пандемијата има 611 смртни случаи и 14.939 заразени од коронавирусот. Болеста ја совладале вкупно 12.325 лица, така што активни се 2.003 случаи. Вчера се извршени 678, а од почетокот на епидемијата 60.913 тестирања.

Прага – Во Чешка во последните 24 часа имало 3.130 нови случаи позитивни на коронавирус, 4 лица починале, а бројот на смртни случаи од компликации како резултат на COVID-19 се искачи на 489 од почетокот на пандемијата, објави чешкото Министерство за здравство. Според статистичките податоци што ги објавува чешкото Министерство за здравство секој ден на полноќ, вчера беше нов црн рекорд, бидејќи бројот на новозаболени лица надмина 2.000. Постојат 20.298 активни случаи, од кои 413 пациенти со COVID-19 се хоспитализирани, меѓу нив 91 пациент е во сериозна состојба на интензивна нега или респиратор.

Москва – Во Русија се потврдени 5.905 нови случаи на коронавирус, што е најголем број нови случаи во еден ден од 20 јули, објави денеска Центарот за борба против коронавирусот. Починаа 134 лица, што го зголеми вкупниот број на починати од COVID-19 на 19.195, пренесува TАСС. Од почетокот на пандемијата, вкупно 1 милион и 91.186 лица се заразиле, додека 170.784 случаи се моментално активни.

Копенхаген – Во последните 24 часа во Данска се регистрирани 454 нови случаи на COVID-19, додека, за споредба, е забележан рекорден дневен пораст од 473 случаи во април. Поради новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, данските власти го намалија бројот на учесници на јавни собири од 100 на 50, а баровите и рестораните добија наредба да затвораат порано, во 22 часот, изјави денеска данскиот премиер Мете Фредериксен.

Рејкјавик – Баровите и ноќните клубови во главниот град на Исланд, Рејкјавик, ќе бидат затворени четири дена, соопштија денеска властите. Одлуката е донесена откако 58 од 59 случаи на коронавирус регистрирани во земјата се во главниот град заклучно со понеделникот, објави The Guardian. Најмалку четвртина од случаите биле поврзани со барови и ноќни клубови во центарот на градот, додека други случаи биле откриени на два универзитета во главниот град. Од почетокот на епидемијата на коронавирусот на Исланд пријавени се 2.230 случаи на COVID-19 и 10 смртни случаи.

Лондон – Во Обединетото Кралство во последните 24 часа се потврдени 4.322 случаи на COVID-19, што е речиси за илјада повеќе од претходниот ден. Во исто време, ова е најголемиот број новозаразени од 8 мај. По најновиот пораст на бројот на новозаразени, британските власти денеска соопштија дека дополнителни ограничувања ќе стапат на сила во централните и северните делови на Англија од вторник, со цел да се намали зголемувањето на бројот на заболени од вирусот. Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна во вечерните часови ќе биде ограничено.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе