До 10 август туристичките агенции може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за користење ваучери

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до 10 август годинава може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“, соопшти Министерството за економија.

На тој начин, граѓаните кои добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата.

-Согласно Уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамки на нивните понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk. За таа цел туристичките агенции ќе треба да се регистрираат на платформата domasiedoma.gov.mk (линк за пријавување https://domasiedoma.gov.mk/register-form/) со цел добивање пристап во платформата заклучно со 10 август 2020, наведува Министерството.

За да исполнуваат услови за пристап до платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од Министерството за економија и да ја прикачат на платформата.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

-Туристичките агенции во рамки на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат дополнителни услуги како превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки. При реализација на ваучерот преку туристичка агенција, агенциите треба да имаат склучени договори со објектите за сместување (категоризирани). Туристичката агенција треба да води евиденција за секој корисник на ваучер и тоа име и презиме на носителот на ваучерот, термин кога се користи ваучерите и назив на објектот во кој ваучерот ќе се користи. Доколку туристичката агенција нуди аранжмани, во договорот за аранжман треба да стои име и презиме на носителот на ваучерот, термин и времето кога истиот ќе се користи и во кој објект, објаснува Министерството.

Туристичките агенции до Министерство за економија ќе достават фактура за плаќање на искористените ваучери за туризам со прилог (листа со кодовите од ваучерот за туризам и име и презиме на носителот на ваучерот, име на објектот каде лицето престојувало и договори со угостителските објекти и објектите за сместување каде се искористени ваучерите). Со оваа можност, освен на туристичките агенции, Министерството им излегува во пресрет и на граѓаните кои имаат ваучери за туризам за да може да го искористат за повеќе услуги преку туристички агенции како што е превоз до туристичките места.

За 20 дена откако стартуваше мерката ваучери за домашен туризам до денеска искористени се над 8.400 ваучери. Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Ваучер за туризам се издава на вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе