ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

До 17 часот одѕивот на гласање 38,78 отсто, за Деркоски излезноста задоволителна

Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

– Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна и очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право, истакна претседателот на ДИК Оливер Деркоски на прес-конференција.

Според него, изборниот ден поминува мирно, со мали, спорадични инциденти.

– Се решаават сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме да бидеме задоволни генерално од сликата која ја имаме за овој изборен ден, рече Деркоски.

Третата изборна единица и понатаму има највисока излезност од 43,99 проценти, а најниска излезност има во Шестата изборна единица.

Како што информира Деркоски, до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битола, каде по проверка и интевренции се надминати проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. Исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Read more

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе