До крајот на следната недела се очекува да бидат затворени сите приговори за платежните картички

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање рече дека од 50.000 приговори за домашните платежни картички од проектот „Купувам домашно“ стигнати на адреса на Генералниот секретаријат на Владата, е извршена категоризација на сите пораки, од нив се лоцирани околу 30.000 матични броеви, а одговорено е на над 15.000 пораки. До крајот на неделата, како што истакна, се очекува да биде одговорено на сите приговори.

Рече дека овие матични броеви се испратени до соодветните институции на Агенцијата за вработување, УЈП, МОН, МТСП, се со цел да се изврши проверка и да се информира дали се работи за техничка грешка и лицето навистина треба да спадне во групата и ги исполнува јасно поставените критериуми, и доколку е така сите граѓани, кај кои што е направена техничка грешка, таа ќе биде исправена и ќе ги добијат платежните картички.

– До крајот на следната недела очекуваме да бидат затворени. Ова е огромен процес на анализа на приговорите, проверка по институциите и имање финален податок и информација, истакна Ангеловска.

Во врска со прашањето за здравствените работници, кои треба да добијат 40 проценти од нето платата при што кај некои се направени грешки при исплатата, Ангеловска одговори дека Фондот за здравство го информирал Генералниот секретаријат дека имало одредени грешки во листите и истите се корегирани.

– Информирана сум дека тие имаат доставено корегирана листа согласно корекции на оние матични броеви коишто им биле  нецелосни и згрешени, како и на износите, бидејќи здравствените работници како што е ветено ќе си добијат 40 проценти од основната нето плата на својата домашна платежна картичка, истакна Ангеловска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе