Доаѓа нов zero day - веднаш ажурирајте го вашиот iPhone

Apple објави patch за новооткриената слаба точка „zero day“, за која вели дека можела да биде злоупотребена од хакери.

Zero day значи дека постои софтверска слаба точка за која сѐ уште нема patch, и која потенцијално е веќе експлоатирана. Компанијата наведува дека оваа слаба точка, за која сега беше објавен patch, може да влијае на многу телефони и таблети на Apple. Овој patch доаѓа со најновите ажурирања на компанијата за линиите за телефони и таблети, iOS 15.0.2 и iPadOS 15.0.2.

Во итното безбедносно соопштение се вели дека слабата точка влијае на следниве уреди: „iPhone 6s и поновите верзиии, iPad Pro (сите модели), iPad Air 2 и понови, iPad 5-та генерација и понови, iPad mini 4 и понови и iPod touch (седма генерација)“.

Компанијата објави дека со експлоатација на грешката во уредот, хакерите можат да ја преземат контролата врз телефонот или таблетот и да прават што сакаат со нив. Ова може да вклучува работи како вметнување малициозен софтвер или крадење податоци.

Од Apple велат дека слабата точка ја открил „анонимен истражувач“. И покрај тоа, не даваат многу детали за тоа кој може да биде цел или како е откриена. Ја нарекоа CVE-2021-30883.

Иако не е целосно јасно дека оваа безбедносна грешка ќе има многу активна експлоатација, исто така не е јасно дека нема, па корисниците не треба да чекаат за да дознаат. Нередовните ажурирања на уредот се најлесниот, но и најнаивен начин за компромитирање на податоците и безбедноста на мрежата- затоа, ажурирајте го својот уред и бидете безбедни.

The Record потсетува дека тековното ажурирање е 17-тиот Zero day patch годинава, направен само за производите на Apple. Претходниот голем patch следеше во септември кога компанијата објави итно безбедносно ажурирање поради безбедносна грешка што наводно остави 1,65 милијарди уреди со месеци подложни на инфилтрација преку шпионски софтвер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе