Доаѓа продолжение на култниот The Devil Wears Prada, но ќе глуми ли и Ен Хатавеј?

Филмот „The Devil Wears Prada“ се појави во кината пред 18 години, а Disney конечно најави продолжение, со враќање на оригиналниот сценарист, како и некои членови на актерската екипа. Сепак, враќањето на Ен Хатавеј сѐ уште не е најавено, поради што некои веќе повикуваат на бојкот.

Variety објави дека Disney повторно ќе ја ангажира сценаристката Алин Брош МекКена, која го адаптираше оригиналниот филм од 2006 година од истоимениот роман на Лорен Вајсбергер од 2003 година.

Иако враќањето на оригиналната актерска екипа сè уште не е потврдено, се тврди дека и Мерил Стрип (Миранда Пристли) и Емили Блант (Емили Чарлтон) ќе се вратат за продолжението.

Ниту еден од извештаите не споменува дали Ен Хатавеј ќе се врати како Андреа Енди Сакс и дали ќе се вратат другите членови на споредната актерската екипа како Стенли Тучи, Сајмон Бејкер, Ејдриен Грениер, Жизел Бундхен и Трејси Томс.

Додека фановите се воодушевени од веста за враќањето на популарниот филм, на социјалните мрежи кружи истата порака - без враќањето на Ен Хатавеј, не сакаат продолжение.

„Каде е Ен?“, „Што е со Ен?? ни треба и Ен!“, „Без Ен не ни треба продолжение“, напишаа тие на Х.

Во оригиналниот филм, ликот на Ен, Енди, е амбициозна новинарка која добива работа како помлада асистентка на Миранда (Пристли), главен уредник на списанието Runway.

Приказната во продолжението ќе ја следи Пристли и нејзината кариера во денешно време додека традиционалното објавување списанија опаѓа. Таа се судри со Чарлтон, за кој се вели дека е моќен извршен директор на луксузна групација, додека Пристли ги брка парите за рекламирање на компанијата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Филм & ТВ

Скарлет Јохансон се прошета на црвениот тепих во хит летен модел

Read more

Објавен трејлерот за долго очекуваниот Gladiator II

Read more

Доаѓа продолжение на култниот The Devil Wears Prada, но ќе глуми ли и Ен Хатавеј?

Read more

Зошто генерацијата Z исклучува филм кога се појавува секс сцена?

Read more
 

Сцена

  • filter

Скарлет Јохансон се прошета на црвениот тепих во хит летен модел

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за долго очекуваниот Gladiator II

Читај повеќе

Доаѓа продолжение на култниот The Devil Wears Prada, но ќе глуми ли и Ен Хатавеј?

Читај повеќе

Зошто генерацијата Z исклучува филм кога се појавува секс сцена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа денес детективот Мозер од Kommissar Rex?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најскапите филмови во историјата: Бред Пит во улога на Ф1 возач

Читај повеќе

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 актери и актери кои глумеа стрејт ликови, а самите не се

Читај повеќе