Добро размислете: Љубов на прв или втор поглед?

Научници тврдат дека не само што не постои љубов на прв поглед, туку дека такво нешто е и невозможно. Всушност, луѓето се вљубуваат на прв поглед во луѓе кои веќе претходно ги познавале, тоа е личност која неколку пати претходно ја виделе на улица, на работа, во кафуле.

Можно е да станува збор за познаник кој одеднаш ви се променил или личноста во која сте се вљубиле личи на некого што веќе го познавате или сте го виделе.

Љубов на прв поглед е лично искуство кое најчесто ќе го сретнеме во книгите и филмовите. Главниот лик чувствува екстремна романтична атракција кон странец или лик кој го гледа за прв пат. Во поезијата, уште во антички времиња, феноменот на вљубување на прв поглед е најчестата тема и се подразбира како концепт на страсна љубов или еден вид лудило (лудило од боговите – „theia mania“). Оваа страсна љубов најчесто е опишана низ метафорска и митолошко-психолошка шема во која се вклучени и љубовните стрели на Ерос или Купидон, богот на сексот, љубовта, страста.

Дали верувате во љубов на прв поглед? Според истражување во 2017 година на сајтот за состаноци Elite Singles, 61 процент од жените и 72 проценти од мажите веруваат дека љубовта на прв поглед е реална.

Научниците имаат објаснување и за ова. Според д-р Триша Стратфоер, кога чувствувате дека се вљубувате во некого всушност во вашиот мозок се случува хемиска реакција. Мозокот создава допамин и серотонин и поради овие хемикалии може да почувствувате инстантна привлечност кон некого, и сè додека вашиот мозок може да почувствува дека поврзаноста дека е возвратена, таа ќе постои.

Всушност, љубовта на прв поглед може да биде позитивна илузија која вие и партнерот ја создавате. Истражување од 2017 година на Универзитетот Гронинген откри дека луѓето кои доживеале искуство како љубов на прв поглед завршиле во долги врски со таа личност.

Љубовта на прв поглед е искуство кое луѓето навистина го доживуваат, но не како страст или љубов. Всушност, тоа е цврста привлечност која отвора можности за создавање врска. Љубов на прв поглед може да се случи повеќе пати и не секогаш завршува како врска, може да чувствувате привлечност кон некого, а да не сте во врска со него.

Но, кога љубовта на прв поглед отвори можност за врска, приказната зад почетокот на врската е романтична и ја доживуваме токму како таква, велејќи дека сте се вљубиле во него на прв поглед.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Љубов и секс

Дали е во ред да споделувате со партнерот тајни што ви ги довериле други?

Read more

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Read more

Знаци дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

Read more

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more
 

Магазин

  • filter

Скриената шпанска убавина: Идилично село во сенка на колосални карпи

Читај повеќе

Бананите минуваат низ 7 фази на зрелост: Што секоја од нив значи?

Читај повеќе

Една вежба најефикасно го намалува крвниот притисок

Читај повеќе

Дали е во ред да споделувате со партнерот тајни што ви ги довериле други?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нарцис - најубавата пролетна салата

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени локации низ светот

Читај повеќе

Зошто е важно да почнете редовно да јадете риба?

Читај повеќе

Како да разговарате со вашите матуранти за нивната иднина?

Читај повеќе

Голем хороскоп за мај: Што го очекува вашиот знак?

Читај повеќе