Договорот од Преспа треба да е инспирација за многу иницијативи

Ресен, 17 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми, денеска учествуваа на панел дискусија по повод иницијатива за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно.

Иницијативата се покренува по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76-годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна откако првото училиште е основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година.

Министерот Димитров, како што информираат од владината прес-служба, на панел дискусијата истакнал дека со потпишувањето на Конечната спогодба или попозната како Договорот од Преспа, е воспоставено ново стратешко партнерство со Грција и се премостени речиси три-децениските разлики пред сѐ во однос на името и нашите перспективи во евроатлантските и европските перспективи.

Дополнително, посочил Димитров, уште две главни придобивки произлегле од овој историски договор со кој нашиот идентитет се заштитува и во правни рамки, а со тоа и нашата култура и културно наследство, како карактеристики на територијата на нашата земја, како и нашето право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик којшто е темел на нашиот идентитет, самобитноста и автохтоноста на нацијата, неговата посебност.

Во таа насока Димитров ја поздравил иницијативата и истакнал дека е уверен дека основањето на Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во овој дел од државата ќе придонесе за негова понатамошна промоција и афирмација, што ќе овозможи нови хоризонти во воспоставувањето културни врски.

– Со Иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик која на денешниот симболичен ден се промовира токму во регионот каде ја потпишавме Конечната спогодба, во училиштето „Димитар Влахов” како прво во регионот со настава на македонски јазик, ставаме темели на нешто исклучително суштинско. Подеднакво суштинско како и самиот Преспански договор – промоција на македонскиот јазик и негување на сѐ она што нѐ прави Македонци. Правото на самоопределување на македонскиот народ е неотуѓиво и тоа никој не може да ни го оспори. Македонскиот јазик е наша работа, нагласи министерот за надворешни работи Димитров.

Министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион Едмонд Адеми ја поздрави иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште во Љубојно од аспект на проектот наменет за поддршка и развој на регионот на Преспа, со финансиска поддршка  од Европската Унија.

– Во проектот се вклучени владите на трите соседни држави – Северна Македонија, Албанија и Грција и еден од проектите е изградба на мултимедијален центар за млади, кој соодветно на самата симболика на Преспа ќе биде место каде што би се организирал меѓународен форум за дијалог и соработка. Пошироко проектот вклучува и многу други компоненти за развој на регионот, за поддршка за подобрување на квалитетот на животот особено во руралните средини на регионот, како и за проекти за водоснабдување и собирање на отпадни води околу Преспанското езеро со инфраструктура според правилата и стандардите на ЕУ за заштита на животната средина. Ако Словенија е позната по Бледскиот форум, Швајцарија по Давос, Германија по Минхенската конференција, Република Северна Македонија ќе биде препознатлива по Преспа Форум за дијалог, истакнал министерот Адеми.

Во однос на иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во Љубојно, претседателот на Советот за македонски јазик Људмил Спасов потенцирал дека нејзината реализација ќе обезбеди уште едно место на кое ќе се собираат лингвисти, педагози и наставници и професори по македонски јазик и ќе доаѓаат ученици да се подучуваат и да научат работи на терен, со што ќе продолжи оддолжувањето на плејадата македонски дејци кои се вградија во историските процеси за признавање и афирмација на македонскиот јазик.

Според Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Општина Ресен и Љубојно заедно со невладината организација „Преспа Град“, со својата постојана децениска грижа за македонскиот јазик, ја заслужуваат нашата поддршка и доверба дека новиот Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик е на вистинското место и кај вистинските луѓе.

– Преспа е револуционерна средина со европска мултиетничка визија. Верувам дека преку овој центар македонскиот јазик ќе биде јазикот што ги поврзува Македонците со другите граѓани од Република Северна Македонија, од Балканот и од светот, подвлече Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик.

Професорката на Педагошкиот факултет во Скопје, Елизабета Бандиловска нагласила дека е голема возбудата да се биде на местото зачетник на школството и на воспитно-образовната врвица на генерации ученици, учители и просветители проникнати од пазувите на Преспа.

Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е дел од серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен и во соработка со НВО Преспа Град.

реклама

Забрзано опаѓа бројот на заразени во Шведска, епидемиолозите не знаат точно зошто

Read more

Не е до оргазмот: Зошто сексот нѐ прави среќни?

Read more

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Read more

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Read more

Култура

Јована Матевска Атанасова е добитничка на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Read more

Тактилни слики со Брајово писмо изложени во Археолошкиот музеј

Read more

Стартува Flipbook Film Festival

Read more

Со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ вечерва отворање на 60. издание на „Охридско лето“

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Читај повеќе

Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина

Читај повеќе

Директор на The New York Times очекува згаснување на печатените медиумите за 20 години

Читај повеќе

Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на патници, има разлика дали се наши или државјани на Косово

Читај повеќе

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Читај повеќе
  • play_arrow

Либанските демонстранти како тенисери го враќаа солзавецот кон полицијата

Читај повеќе

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата

Читај повеќе

Денеска 141 случај на COVID-19, ја надминавме бројката од 12.000 заразени

Читај повеќе