Доказите за падот на малезискиот Boeing 777 во Украина да ѝ бидат достапни на јавноста

Малезија се надева дека сите докази за падот на нивниот Boeing 777 на истокот од Украина во 2014 година, ќе ѝ бидат достапни на јавноста, изјави денеска малезискиот министер за надворешни работи Сајфудин Абдулах по разговорот со рускиот колега Сергеј Лавров.

„Ќе продолжиме да работиме сѐ што е потребно за да ги откриеме сите докази“, рече Абдулах, пренесен од ТАСС.

„Подготвени сме да ги сослушаме сите кои имаат било какви информации во врска со падот“, додаде малезискиот министер.

„Колку што јас знам, Малезија не е информирана за податоците кои му ги предадовме на тимот на истражители, па поради тоа ги поканувам нашите малезиски колеги да ги испратат своите експерти за да споделиме со нив сѐ она што им дадовме на Холанѓаните“, рењче Лавров.

Boeing 777 на Malaysia Airlines на Летот 17 од Амстердам за Каула Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година над источниот украински регион наречен Донечка област. Авионот се распадна во воздух, а најголемиот дел падна близу селото Храбове на територија контролирана од руските бунтовници.

Во падот загинаа сите 238 патници од 10 различни земји, од кои најмногу од Холандија, дури 193. Загинаа и 15 членови на екипажот.

Истрагата водена од Холандија покажа дека авионот е ненамерно срушен од страна на руските бунтовници кои со системот Бук земја-воздух гаѓале украински воени авиони бидејќи во тек била Битката за Шахтарск. Руските бунтовници не им пречеа на холанѓаните при истрагата. Истражителите исто така обвинија и дека не требало воопшто подрачје на кое се води војна да биде дозволено за прелетување без разлика што се работи за голема височина.

Летот 17 не е прв авион кој бил по грешка соборен за време на конфликт. Во 1988 година американски воен брод USS Vincennes го собори иранскиот лет 655 на Iran Air од Бандар Абас до Дубаи при што загинаа сите 290 патници и членови на екипажот. Американците мислеле дека им се доближува ирански воен авион F-14 со намера да ги нападне.

Во 1983 година советски воен пилот го собори јужнокорејскиот Лет 007 од Њујорк до Сеул на компанијата Korean Air Lines. Корејскиот пилот по грешка скршнал од курсот навлегувајќи на советска територија. Откако не одговорил на неколкуте предупредувања упатени од страна на мајорот Генадиј Осипович во неговиот Су-15, добил наредба да го собори мислејќи дека се работи за воен авион.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе